• Latest

Голоб: Словенија ќе ја помогне интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ

February 17, 2023

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Голоб: Словенија ќе ја помогне интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ

February 17, 2023 12:44
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Словенија во своите приоритети за регионот, особено ги издвојува помошта и поддршката за  Република Северна Македонија и за Босна и Херцеговина и интеграција во ЕУ. Во тој контекст, Владата го става на располагање целиот свој капацитет и има обезбедено средства и соодветна техничка помош за користење од страна на институциите на Република Северна Македонија.

Ова, како што соопшти собраниската прес – служба, го истакна претседателот на Владата на Словенија, Роберт Голоб на средбата со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери кој е во официјална посета на Словенија.

Претседателот Џафери, пак, се посочува, ги поздрави традиционалните пријателски односи и одличната динамика на средби на сите нивоа и се заблагодари посебно за тековната словенечка полициска поддршка на македонско-грчката граница, како дел од заедничката акција за управување со зголемените миграциски текови, согласно протоколот потпишан меѓу министерствата за внатрешни работи на двете држави.

Во разговорите на Џафери со потпретседателката на Владата и министерка за надворешни работи Тања Фајон, беше поздравено претседателствувањето на Република Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и со Процесот за соработка со Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), со декларирана отворена поддршка на нашата земја и предвидените приоритети во рамки на овие процеси.

-Она што беше особено истакнато е дека моментумот за забрзување на процесот на проширување како резултат на случувањата во Украина не смее да се испушти и дека Словенија ќе направи сè што е во нејзина моќ истиот да не ја изгуби динамиката, а земјите кандидати мора да продолжат со бараните реформи, се наведува во соопштението.

Претседателот Џафери упати замолница за вклучување на Словенија како мост на поврзување меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија во рамки на ЕУ, со оглед на нејзините добри познавања на регионот и практичното искуство при пристапување и надминување на отворените прашања со соседите пред и по зачленувањето во Европската унија стои во соопштението од собраниската прес служба.

Tags: Република СловенијаСеверна МакедонијаЏафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ