Русија не може да изврши инвазија на Украина само со Вештачка интелигенција. Мора да испрати војска таму.
Во претходниве повеќе од три години, тие учеа како да ја користат ВИ преку борба. Истото го правеа и Украинците, со поддршка на меѓународната заедница. Моето лично мислење, како војник, е дека оваа алатка е навистина широко и досега неискористено подрачје, истакна Горан Василевски, aрмиски полковник (во пензија); поранешен началник на Воената служба за безбедност и разузнавање, Министерство за одбрана (Северна Македонија) на панелот „ВИ, дезинформации и пост-вистинскиот / пост-срамниот свет“.
Полковник (во пензија) Василевски е експерт за безбедност и разузнавање со децениско искуство во националната одбрана, стратешкото разузнавање и контраразузнавачките операции. Како поранешен началник на Воената служба за безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана, тој ги надгледуваше клучните процеси поврзани со проценка на заканите, координација на разузнавањето и подготвеност на одбраната. Неговата експертиза опфаќа хибридно војување, воена безбедност и пресекот на технологијата и одбраната.
М. Д.











































