Телефонскиот број на ЦИВИЛ за пријави на нерегуларности 070 / 461 480 денеска, во референдумски молк, се вжешти. Стигнуваат пријави за кршење на молкот преку агитација, притисоци, делење на пропаганден материјал…
Еден граѓанин од Центар пријави група на лица што наутро агитирале во близина на кафулето Салун. Тие ги стопирале граѓанките и граѓаните и им сугерирале да не излегуваат на гласање, односно да бојкотираат.
Како што информира граѓанинот тоа се познати лица на жителите на Центар, а се членови на ОК ВМРО-ДПМНЕ, меѓу нив бил и претседателот на огранокот, Г.П. Граѓаниот смета дека членовите биле натерани да ја вршат агитацијата.
Истовремено, со говор на омраза им се обраќале со зборовите: „на шамари“, „на клоци“, „ќе видие што ќе ви правиме кога ќе дојдеме на власт“…
„До кога веќе ќе трпиме вакви работи? Нели сме слободна држава, не е ок, секој може да си гласа како што сака“, револтирано изјави граѓанинот.
Б. Јордановска