• Latest

Говор на омраза и национализам по лажната вест дека „Вива фреш“ ќе го купува „Тинекс“

September 22, 2022

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Говор на омраза и национализам по лажната вест дека „Вива фреш“ ќе го купува „Тинекс“

September 22, 2022 13:53
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФО, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Порталот на албански јазик Шќипмедија, објави лажна вест дека косовската групација „Вива фреш“ наводно ќе го купува македонскиот трговски синџир „Тинекс“, а експресно истата лажна информација ја објавија повеќе македонски медиуми.

Веста ја демантираа и од „Тинекс“ и од „Вива фреш“.

„По објавената вест на порталот Shqipmedia на 20.9.2022 со наслов дека е постигнат договор за купопродажба на ланецот супермаркети Тинекс од страна на компанијата Вива фреш, вест која ја пренесоа многу македонски портали без да нè прашаат да ја потврдиме или демантираме веста создадоа збунувачка атмосфера во јавноста, меѓу вработените и соработниците. Компанијата Тинекс-МТ ДООЕЛ Скопје ја информира јавноста дека ниту Тинекс маркетите, ниту компанијата е во преговори со потенцијални купувачи а уште повеќе дека дошло и до договор за купопродажба. Тинекс-МТ ДООЕЛ Скопје кој управува со Тинекс маркетите и понатаму останува со единствениот сопственик Владимир Тодоровиќ“, соопштија од македонската компанија.

Лажната вест ги разгори страстите на националистите и оркестрирано почнаа да шират говор на омраза кон косовските Албанци и кон Владата.

Меѓу тие што ја проширија оваа лажна вест е и секретарката на опозициската партија Левица, Јована Мојсоска која пишала коментар „Северна е омилена дестинација на косоварскиот црн кеш“.

Еден од тие што ја искористија лажната вест за да шират антивладина политика е и Цветин Чилиманов кој коментарира: „Никој не е должен да седи во Северна, да го рекетираат Муртинци“, при споделување на статусот на Капетански Дневник (познат бот на Левица).

Лажната вест поттикна говор на омраза, но веројатно како и до сега, овие лица ќе останат неказнети!

Покрај лажните вести и говорот на омраза, овие партиски ботови (ликови) не пропуштаат ниту една прилика да шират руска пропаганда. Само партиски ботови кои функционираат под команда на одредени центри на моќ може да вметнат „руски амбасадор (спасител)“, „Самсоненко“, „е*****т НАТО“, во лажна вест која е поврзана со „Вива фреш“ и „Тинекс“.

Оваа лажна вест за среќа е брзо демантирана и разобличена. Но, дали надлежните институции ќе ја продолжат праксата на неказнивост или конечно ќе почнат да ги санкционираат сите кои шират лажни вести, дезинформации, говор на омраза…, останува да видиме.

ЦМТ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ