• Latest

Граѓаните бараат правда за Алмир

March 2, 2018

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Граѓаните бараат правда за Алмир

March 2, 2018 13:44
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Стотина граѓани денеска по вторпат протестираат пред Основното јавно обвинителство во Скопје барајќи правда за починатиот, познат во јавноста, малиот Алмир.

Пред месец дена се собравме пред ова Обвинителство со барање:

  • обвинителите како носители на функции, стручно и совесно да ја вршат нивната функција и да одлучат како што предвидува правото и правдата;
  • побаравме да запре селективнатата правда;
  • побаравме правото конечно да профункционира во Република Македонија.

За жал, ние продолжуваме да сме сведоци на пристрасно, непрофесионално  и неправедно судство. Наместо да сме сведоци на окончување на случајот  „Алмир“  со заслужена казна за сторилетот на делото:  УБИСТВО СО УМИСЛА, ние сме сведоци на огласи за продавање на ОРУЖЈЕТО со кое беше усмртен четиригодишниот Алмир.

Случајот Алмир е класичен пример како НЕ СМЕЕ да постапува еден судски систем и една држава која во својот Устав го гарантира правото на живот. Пропустите направени во истражната постапка, се иницијалната каписла во оваа судска голгота на семејството Алиу и на правдата во Македонија.

Основното Обвинителство Куманово наместо  да го конфискува возилото, кое  служело како оружје во грозоморното убиство на Алмир, истото го вратиле на семејството на обвинетиот.  Поради ваквата истражна постaпка; уништување на доказите, односно на оружјето со коешто е извршено делото; пристрастноста на Јавниот обвинител при водењето на постапката;  „шетањето“ на квалификацијата на делото од основото кон вишото и републичкото обвинителство, односно ПОРАДИ  САБОТАЖА НА ПРАВДАТА во случајот Алмир, бараме изземање на  Јавниот Обвинител од Основното Обвинителство – Куманово, Сузана Кусигерска.

Водејќи се од досегашната постапка во случајот Алмир, убедени сме дека судството во Македонија повторно ќе падне на испитот на правдата . Овој пат, испит врз животот на едно 4 годишно ангелче.

Затоа се собравме денес овде, да не го дозволиме тоа. Се собравме да застанеме на страната на правдата и да побараме од судските органи на Република Македонија да застанат на иста страна.

Бараме праведно судење за случајот Алмир! Бараме правда!

Ова судство, оваа држава МОРА ДА ДОКАЖАТ ДЕКА ќе го одбранат најзначајното, врвното човеково право – ПРАВОТО НА ЖИВОТ!

ПРАВДА ЗА АЛМИР! ПРАВДА ЗА СИТЕ!

Tags: „Правда за Алмир“вторпатОЈОПротест
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ