По повик преку социјалните мрежи, на граѓанин кој порача дека секое утро ќе го пие утринското кафе пред канцелариите на Град Скопје, во знак на протест против енормното загадување на воздухот во главниот град, група граѓан(к)и утрово се собраа пред бараките на градската власт.
Дел од нив беа присутни пред канцелариите на Град Скопје за да се уверат дека градоначалникот навистина ќе пристигне без возило, по вчерашниот апел што тој го упати до своите вработени и до скопјан(к)и да го користат јавниот превоз.
Текст и фото: Ермин Климента