ЦИВИЛ – Центар за слобода објави повик за учество на регионален семинар за граѓанско новинарство во Струга. „Бидете дел од милионската заедница на граѓански новинарки и новинари кои го менуваат лицето на медиумите, а со тоа и на општеството! Паметни, активни и храбри – тоа е краткиот опис за граѓанските новинарки и новинари насекаде во светот“, се вели во поканата на ЦИВИЛ до сите полнолетни граѓанки и граѓани од општините Струга, Охрид, Дебар, Центар Жупа, Кичево, Белчишта и Дебарца.
Семинарот ќе се одржи на 18 и 19 март 2017 (сабота и недела) во хотелот „Монтенегро“со почеток во 11 часот, во сабота.
Ова е четврти семинар за граѓанско новинарство, по трите успешни семинари кои се одржаа во Битола, Велес и Струмица.
Иновативноста во методите на известување, ги става граѓанските новинарки и новинари на фронталната линија на објективното и навремено информирање за сопствените искуства и сведоштва. На тој начин, тие придонесуваат кон пробивање на медиумскиот мрак во земјата, без цензура и без страв.
Сите што се заинтересирани за учество во семинарот, можат да се пријават преку пополнување на онлајн формуларот на компјутер или на мобилен, што одзема само неколку минути. Можно е и аплицирање преку електронската адреса на [email protected], со кратка биографија и со мотивациско писмо (максимум по 10 редови).
За повеќе информации, заинтересираните можат да се јават на 02/5209176, или да напишат порака на [email protected] или на Фејсбук страницата Citizen Journalists.
Проектот Граѓански објектив е финансиски поддржан од National Endowment for Democracy.