• Latest

Граѓанското новинарство е начин за подобрување на демократијата

August 23, 2016

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Граѓанското новинарство е начин за подобрување на демократијата

August 23, 2016 15:12
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанското новинарство или партиципативното новинарство, има за цел да го разбие медиумскиот монопол и да воведе нови гласови и гледишта во јавната расправа. Како што смета Дан Гилмор, во 21 век, публиката не е повеќе пасивна, а новинарството престанува да биде предавање и станува – отворен семинар. На овој начин, се пренесува духот на демократијата во светот на комуникациите.

Интернетот, електронската и информатичката технологија им ја зголемија моќта на граѓан(к)ите обезбедувајќи ги со нови алатки и канали, за да го кренат својот глас и да ги споделат своите перспективи.

13695166_1287383557956491_1424299132_n

Новите медиуми се крајно разновидни и хетерогени, отворени за секого и главно се лоцирани на интернет. Преку блогирањето и микроблогирањето, преку платформи како WordPress или Twitter, на пример, корисниците можат да пријавуваат веднаш, се што се случува околу нив. Благодарение на стриминг технологијата, можеме да бидеме сведок на настани кои се случуваат насекаде и во секое време.

Овие процеси се хоризонтални и охрабруваат индивидуална автономија и слобода. Промената која се случува во 21 век, всушност, е ангажирање на публиката, која учествува во разговорот и која сака да биде слушната.

13558866_993566620761807_830027997143334978_o

Во текот на последната деценија сме биле случајни набљудувачи на импресивни социјални движења како исландската револуција, „Арапската пролет“ или „Окупирај го Волстрит“. Заедничко за сите овие движења е повикот за вистинска демократија и за промена во системот, во корист на граѓан(к)ите.

Во овој темпераментен контекст на вмрежено општество, на скептицизам, бес, но исто така, и надеж, како што тврди Мануел Кастелс, граѓанското новинарство е начин за обнова и подобрување на демократијата. Научниците обично  потенцираат две главни причини во корист на ова тврдење. Граѓанското новинарство им дава моќ на граѓани(к)те и ја диверзифицира агендата на вестите и на тој начин, придонесува за ревитализација на јавната сфера.

13988298_1031523396966129_3754319040794153361_o

Граѓанско новинарство може да ги поттикне луѓето и, секако, да донесе повеќе демократија во медиумската сфера. Тоа овозможува повеќе гласови да бидат слушнати и во случаи како што се неочекувани несреќи,  кога социјалните движења се на улиците или кога се одвива  злоупотреба на власта. Граѓаните вооружени со камери или со мобилни телефони, можат да и го пренесат и да и го покажат на глобалната публика она што се случува, а со тоа, граѓанското новинарство станува добар извор и утеха.

Со цел обезбедување на простор и промоција на граѓанското новинарство во Македонија,ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува проектот „Граѓански објектив“. Проектот им овозможува на сите заинтересирани граѓанки и граѓани да се вклучат во месечните наградни циклуси на натпреварот „Биди граѓански новинар“ и да испраќаат фото и видео содржини кои сведочат за прекршување, пред се, на изборни права, но и човекови права во поширок контекст.

IMG_0305

ЦИВИЛ идејата за новинарството кое повеќе не е предавање од затворен тип, туку е семинар отворен за поширока публика, за прв пат го промовира во Македонија, организирајќи семинари за граѓански новинари во повеќе општини во Македонија, на кои можат да се пријават и да учествуваат сите граѓан(к)и кои имаат желба преку граѓанското новинарство да придонесат за подобрување на медиумската сфера и со тоа, кон јакнење на демократијата во државата.

Во изминатиот месец, семинари се одржаа во Велес, Скопје, Струмица и Прилеп. Во петок ЦИВИЛ ќе одржи семинар во Тетово, а во следниот период, тимот на ЦИВИЛ ќе ги посети и Куманово и Штип, каде ќе ја претстави идејата и можностите што ги нуди граѓанското новинарство.

ЦМ

Tags: Граѓански објективМакедонијановинарствообукисеминариЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ