• Latest

Грабежлив и насилен чопор!

June 18, 2017

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Грабежлив и насилен чопор!

June 18, 2017 12:31
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

ДПМНЕ го прослави 27-от роденден… Веќе уморниот и десеткуван агитпроп апарат на Груевски продолжува да произведува здодевни и плитки говори за него. Роденденот на партијата, среде скапо платениот лажен сјај на одвратниот кич на нивниот квази-музеј, уште еднаш го покажа трулежот на оваа структура.

Пишува: Џабир Дерала

Груевски не заборава да каже дека неговата партија победила на десет избори по ред, но испушти да каже за колку од тие изборни процеси се наоѓа под истрага. Ако заборавил, нека прочита во поканите за распит во СЈО (предмет: „Титаник“). Повторно ќе ја реформира партијата, што ќе рече, ќе продолжи со чистките и насилството. Сега барем не може да дивее низ целата земја, но затоа сѐ уште може да прави бељи во партијата и општините. Што не е моќ за занемарување.

Ако денеска ја замислиме партиско-фамилијарната фотографија на Груевски, ќе се сетиме на ретушираните фотографии кои одлично ги илустрираат политичките чистки на Сталин.

Има многу кандидати за реформирање на ДПМНЕ. Извесниот Александар Михајловски поведе битка со Груевски од внатре, под превезот на реформи и демократизација на партијата. Но, и тој, како и неговиот официјален партиски лидер, вели дека неговата партија е света и дека победила на повеќе избори. Ни збор за изборните кражби, структурното и политичкото насилство, за грабежот… Тоа е реформа?

ДПМНЕ е морален и политички губитник. Ќе мора да направи многу повеќе од демократизација на партиската структура за која веќе на почетокот се гледа дека е разбрана како внатрепартиска пресметка со груевизмот и ништо повеќе. Проф. Јове Кекеновски и ФРОДЕМ, една модерна и патриотска структура, нуди многу подемократски и реформаторски концепт, но се чини дека новите „внатрешни“ реформатори не се подготвени за соработка. А токму ориентирите кои Кекеновски и неговите соборци ги поставија на јавната сцена уште пред неколку години, се тоа што ѝ треба на оваа партија, но и на целата политичка сцена во Македонија.

ДПМНЕ ќе мора да се пресмета со фашизмот кој е длабоко вгнезден во нејзините пазуви и прелеан во Скопје 2014, културата и образованието, во односот на институциите кон малцинствата, жените, хомосексуалците, а особено кон оние што размислуваат со своја глава. Оваа партија негува длабоко непријателство кон индивидуата. Грабежлив и насилен чопор! Тоа е прилично веродостоен опис за оваа партија која очигледно нема капацитети да го надмине тоа. Сè уште.


Објавено во Плусинфо и Слободен печат (19.06.2017)

Tags: ВМРО-ДПМНЕГруесвкиКекеновскиМихајловскиреформиСЈОТитаникфашизам
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ