Граѓаните од Тетово силно ја искажуваат својата индигнација и нивната фрустрација од прислушуваните телефонски разговори, каде што поединци но и самите тетовчани сериозно се навредуваат.
Неодамна бевме сведоци на она што го слушнавме во овие разговори на луѓето од врвот на партијата која е на власт речиси 20 години.
Ниско ниво на комуникација, параполитички ситуации, назначувања, негирање на позицијата на албанските жени во општеството, уцени против политичките противници и нивните семејства, девалвација на оние кои размислуваат поинаку, корупција и демотивирање на генерациите за иднината во ова општество, се сигнали дека овие луѓе не заслужуваат да бидат носители на одлуки за важни процеси кои се однесуваат на нашите животи.
Затоа, итно бараме седиштето на оваа партија, Демократската унија за интеграција, да биде отстрането од Тетово на неопределено време.
Исто така, бараме посветеност од чесните членови на оваа партија да извршат притисок за таа да не остане заложник на лица со различен багаж од минатото. Сметаме дека ова пред се е од корист за партијата, а потоа и за граѓаните на Тетово и околината.