• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев/ ЦивилМедиа

Граѓаните скептични дека државата ќе може да се справи со поплави, некои се присеќаат на Стајковци, други се мајтапат со Стојанче нарекувајќи го Чак Норис

September 20, 2024
Скриншот од снимка на која севернокорејските војници наводно помагаат во директен оган врз Украина, 16 октомври. Фото:Генерал штаб на Украина

Ажурирани  вести од војната во Украина: Севернокорејски војници ја гранатираат Сумската област, деокупирани 180 квадратни километри во Покровск, украински дронови погодија руска рафинерија во Саратовската област

October 16, 2025
Мирослав Јовановиќ (Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Дали демократијата ја исцрпи својата суштина?

October 16, 2025
Политичкиот аналитичар Бесим Небиу на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Небиу: Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем – тоа е трошок

October 16, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

Граѓаните скептични дека државата ќе може да се справи со поплави, некои се присеќаат на Стајковци, други се мајтапат со Стојанче нарекувајќи го Чак Норис

September 20, 2024 14:20
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, НЕПОГОДИ, ТОП 5, ФОРУМ
Фотомонтажа: Д. Мишев/ ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев/ ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter
ЦивилМедиа вчера на својата Фејзбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Дали државата е подготвена да се справи со евентуални поплави? давајќи им можност на читателките и читателите да се изјаснат на оваа тема.

Деновиве гледаме дека циклонот „Борис“ кој со себе носи обилни дождови и силни ветришта, предизвика големи поплави во делови од Централна и Источна Европа, особено во Чешка, Полска и Австрија. Илјадници се евакуирани, а расте и бројот на жртви. На фотографиите и видеате кои кружат на социјалните мрежи  можат да се видат поплавени куќи, цели населби, а ни малку пријатни не се сцените од браните низ кои се прелева вода. Сето ова го разбуди стравот од доаѓање на циклонот и кај нас. Од УХМР најавуваат дека веќе од среда врнежите ќе бидат пообилни, повремено и поројни.

Во пораките и коментарите кои ги упатија нашите читатели преовладуваат негативните одговори, во кои владата се прогласува за неспособна,  некои прават паралела помеѓу борбата со пожарите, како и со поплавата во Стајковци која одзеде човечки животи.

Како за Стајковци што беше спремна и одговорна, за која држава луѓе мои.
Во стајковци од ПОЛА ЧАС дожд, загинаа 25 граѓани. А од вакви дождови среќен ќе биде КОЈ преживее.
Не е и нема да може зашто имаме власт да се богати и да бега народот нека се снаоѓа
Тотално неспособна влада и нефункционална држава.Со еден збор голема вукојебина
Да не се случат поплави, Бог да не чува а државата да ги чисти коритата и да прави брани. Преставниците на владата нека ја совладаат алчноста и бездушноста.
Очекувам Владата венаш да спроведе бесплатни курсеви за пливање во кучешки стил. Мува не ги лази, бе Фронтлајн! Си ги шетаат задниците по Софија и нѐ брукаат каде ќе стигнат.
НЕ Е.ВИДОВМЕ ПОПЛАВИ СО МНОГУ ЖРТВИ.ШТО СЕ ПРОМЕНИЛО?!
Еден читател категорички одговори со НЕ:
Не. Со оглед дека од ’91 не се почитува сеизмика во градењето, каналите не се чистат, нема атмосверска канализација на повеќето улици, ќе го снема Скопје, зошто од Водно се ќе се “спушти” долу. Од дожд се уриваат ѕидови сега, а не поплава. По големи поплави одат и јаки потреси. ’62 била поплавата. Иако постарите кажуваат дека и претходно Вардар се излеал па менувано е коритото. Ние не сме за ништо спремни. Само за крадење и “тресење” глупости.
Некои читатели му сугерираат на премиерот што треба да направи:
Што би рекол Мицко „еве нека кажат граѓаните како да се справиме, ако имаат идеја слободно нека кажат“
Од ЗАЕМОТ парите нека направат нови одводи ДА НЕМА ПОПЛАВИ и да купат хелихоптери и нови пожарни за гасење
Имашe и такви кои дадоа “духовити одговори, споредувајќи го директорот на ЦУК стојанче Ангелов со Чак Норис.
Додека го имаме Стојанче немаме гајле. Тој е нашиот Чак Норис
Шо прашање е ова? Па Стојанче му е прв братучед на Чак Норис!
За ништо да не се секирате, генералот Стојанче е тука…
М. Д.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: граѓаните одговараатпоплавапраѓање на денот
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ