ЦИВИЛ – Центар за слобода со поддршка од Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу одржa јавен настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“ во Општина Чаир.
Настанот го водеше Дијана Тахири од ЦИВИЛ, а на почетокот говореа градоначалникот г. Висар Ганиу и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала. По воведните излагања, на Дерала и Ганиу беше отворена дискусија во која учесниците говореа за предизвиците, но и за решенијата што ги предлагаа.
Настанот е дел од активностите од проектот „Заедно за подобра иднина“, кој ЦИВИЛ го спроведува во соработка со министерството за надворешни работи и Европски прашања, на Големото војводство Луксембург.
„Граѓански дијалози за меѓуетничките односи: Предизвици и решенија“ во општина Чаир е дел од серијата јавни настани кои ЦИВИЛ во претходниот период ги одржа во општините Гостивар, Куманово, и Центар.