• Latest

Куманово е еден од класичните примери во коешто функционира мултикултурното и мултиетничкото општество

June 22, 2023

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Куманово е еден од класичните примери во коешто функционира мултикултурното и мултиетничкото општество

June 22, 2023 14:08
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претставници на ЦИВИЛ – Центар за слобода, предводени од претседателот на организацијата, Џабир Дерала, остварија средба со градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, пришто одржаа заедничка прес-конференција за мултикултурализмот во Куманово, за односите меѓу заедниците, односно кои се предизвиците и решенијата.

Градоначалникот Максим Димитриевски истакна дека е горд што Општина Куманово е еден од класичните примери во коешто функционира мултикултурното и мултиетничкото општество и дека од тој аспект прави сѐ истото да се рашири во сите пори на секојдневното општествено живеење.

„Мултикултурализмот подразбира не само разбирање помеѓу политичарите, туку првенствено, секојдневно функционирање на сите граѓани коишто живеат во една општина и една држава. Треба да се направи јасна дистинкција во државата, во делот на тоа што значи мултикултурно општество и дека истото не претставува биетничко, туку во вистинска смисла на зборот мултикултурно.

Во следниот период ние како држава ќе мора да работиме многу повеќе на тој план, бидејќи сепак, покрај македонскиот народ во нашата општина живеат уште 9 етнички заедници, во еден граѓански систем на уредување кадешто сите имаат еднакви права и еднакви обврски. Тоа значи, сите треба да бидат соодветно уважени, на секој да се слушне нивниот збор, секој да има простор да ја искаже својата култура и традиција кон останатите, и да учиме едни од други. Токму Куманово е еден типичен пример кадешто покрај Македонците, живеат Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Хрвати, Црногорци и секако ги прифаќаме и Бугарите, бидејќи во последниот попис во Куманово имаме некаде околу 350 граѓани коишто се изјасниле дека припаѓаат на бугарската заедница“, рече градоначалникот на Куманово.

Димитриевски се заблагодари за иницијативата на ЦИВИЛ за којашто вели „веќе подолг временски период во соработка со Општина Куманово ја работиме заедно во делот на развојот на мултикултурализмот во Куманово и се заблагодарувам за нивниот ангажман“.

Тој додава дека покрај соработката со ЦИВИЛ, општина Куманово има соработка со многу невладини организации во и вон државата на тема мултикултурно, мултиетничко општество и како тоа реално функционира.

Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала нагласи дека темата за мултикултурализмот треба да биде активна бидејќи постојано се соочува со низа предизвици, и затоа додава „човек треба да се биде мудар, решителен и храбар да се справи со тие предизвици кои ќе донесат решенија кои ќе му дадат просперитет, стабилност и благосостојба на граѓанинот и граѓанката“.

„Ние задно со градоначалникот Димитров се договориме во почетокот на идната учебна година која ќе започне во септември да направиме ликовен конкурс за децата од основните училишта во Куманово кои ќе цртаат на теми кои се однесуваат на мултикултурализмот. Ќе учествуваме сами како организација, но исто така ќе ја повикаме и бизнис заедницата да учествува за да може да обезбедиме пристоен фонд за награди за децата кои ќе бидат победнички и победници на тој конкурс“, рече Дерала.

Тој додаде дека мора многу да работиме на тоа како се разбира поимот мултикултурализам, меѓутоа и како се спроведуваат активностите кои се однесуваат на сите тие деликатни области кои се дел од оваа голема светска тема.

„ЦИВИЛ како организација не само што промовира позитивни пораки, исто така будно внимава на сите тенденции кои одат спротивно на македонските национални интереси, а тоа е мултикултурно општество кое е евроатлантски ориентирано, а ги следиме и сите тие тенденции кои доаѓаат од внатре и однадвор и се обидуваат за ги загрозат македонските национални интереси. Сакаме да им укажеме на сите носители на одлуки и на национално и на локално ниво дека мултикултурализмот, добрите меѓуетнички односи се гаранција за просперитетот, за економскиот напредок на нашата земја, но исто така се гаранција за стабилноста и безбедноста на државата“, потенцира Дерала.

Настанот е дел од проектот „Заедно за подобра иднина“, кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.

Претходно на 29 мај, ЦИВИЛ го одржа првиот јавен настан од серијата „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“, во Општина Гостивар, потоа на 19 јуни, следуваше јавен настан во Општина Центар.

текст, камера и фото: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ