• Latest

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните им порачаа на властите дека тие ги избираат, но и ги менуваат, помалку да се сликаат за „сработеното“, да се одмота клопчето за Кочани и да си заминат што побргу

June 16, 2025

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните им порачаа на властите дека тие ги избираат, но и ги менуваат, помалку да се сликаат за „сработеното“, да се одмота клопчето за Кочани и да си заминат што побргу

June 16, 2025 11:36
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Што им порачаа  на властите читателите на ЦивилМедиа во пораки на Граѓанскиот форум, во петокот ( 13 јуни)?

Да си одат, да си заминат, да украдат се што ќе можат и да си одат за да почне да функционира државата! Ова се редовните пораки од граѓанките и граѓаните до властите, а кои се повторуваат на секој петочен граѓански форум на ЦивилМедиа.

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ): Што сакате да им порачате на властите?

Граѓаните бараат што побргу да се отвори Уставот, да се внесат Бугарите и да се започнат преговорите за членство во ЕУ, порачуваат дека властите ќе си го добијат одговорот од граѓаните на избори, и прашуваат до кога ќе ја држат заробена државата…

Дел од пораките се однесуваат и на животната средина, односно на нечистотијата што се шири се повеќе од ден на ден. Читателите бараат од функционерите да си ги намалат платите и да си ја работат работата за која ги избрале и ги плаќаат токму граѓаните.

Една од пораките гласи:

Да се свестат дека народот ги бира, но и ги менува.

Очигледно е дека граѓаните не се задоволни од досегашната работа на властите, и тоа јасно го артикулираат на граѓанскиот форум на ЦивилМедиа.

Повеќе работа, помалку сликање, порачуваат тие.

Во мноштвото коментари може да се прочитаат и саркастични пораки, како што гласи следната:

– Да формираат под итно обучен центар за инспектори по економски криминал.

Едноставно…првенствено да не се занесуваат и да лажат а при тоа да не прават мајмуни. Да си ги признаат грешките кои се гледаат од авион, гувернерот на Народна банка да не тропа глупости и да навива за сивата економија кога посочува дека треба та се работат барем 3 работи за да се преживее. Да се одмота конечно после три месеци клопчето околу Кочани и тие што се огрешиле да одговараат без оглед кои се и чии се, гласи една од пораките.

„Граѓански форум“ е простор во кој секој петок, како завршница на прашањата на денот,  граѓаните без задршки имаат можност преку коментари да испратат пораки, искуства но и критики до властите, институциите, политичарите, а според  досегашните одговори, тие тоа го прават на јасно артикулиран начин, со директни пораки и сугестии.

Редакцијата на ЦивилМедиа е отворена за граѓанките и граѓаните не само во петок, туку и секој ден од неделата, да споделат свои пораки, прашања, грижи  и искуства, било во коментари или во пораки, и им заблагодарува за довербата, отвореноста и директниот настап. Ве очекуваме секој ден, а во специјализиран простор – секој петок во Граѓанскиот форум.

Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.

Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ