• Latest

Жешки теми на Форумот на граѓанското општество во Трст

July 12, 2017
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Жешки теми на Форумот на граѓанското општество во Трст

July 12, 2017 17:15
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Третиот Форум на цивилното општество, како претходница на Самитот на Западен Балкан, се одржа вчера во Трст, со присуство на околу 200 претставници на граѓанскиот сектор од Македонија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и други делови од регионот и од Европа.

На Форумот се зборуваше за демократијата, за креативните индустрии за младите, за енергетиката и климатските промени, за миграциите и за улогата на медиумите.

Форум на граѓанското општество, Трст, 2017

Говорници на дискусијата беа Јоханес Свобода, претседател на Центарот за демократија и помирување во Југоисточна Европа – Солун, Вук Велебит, студент на Факултетот за политички науки во Белград, Алида Врачиќ, извршна директорка на тинк тенк Популари – Берлин и Милан Живковиќ, раководител на канцеларијата на ФЕС – Скопје.

„Роден во 1993, демократијата ја перцепирам како она што ми се случува сега – а тоа се Вучиќ, Дачиќ и останатите кои се обидуваат да ни приредат некоја паралелна демократија. Важно е да бидеме активни во процесите и да реагираме кога ни е загрозена сеопфатната демократија”, изјави Велебит.

Јоханес Свобода истакна дека е загрижувачки кога некои од граѓаните во земјите од регионот избрале да гласаат за лица кои ја немаат демократијата на својата политичка агенда, но, сепак, и тоа е демократија. „Едукацијата, таа политичката, е многу важна за целиот регион, а истата треба да почне од локалното ниво – и не смее да се прават компромиси“, вели Свобода.

„Не смееме да заборавиме каде беше регионот, а посебно Босна и Херцеговина пред 20 години: се криевме по своите куќи или засолништа, бевме ограничени на своите локални места, а околу нас летаа бомби. Има прогрес и мора да се фокусираме на тоа како да ги подобриме општествата во кои живееме, а тоа да го направиме со поголем оптимизам”, истакна Врачиќ.

Милан Живковиќ, од ФЕС – Скопје, која се јавува како коорганизатор на Форумот, го цитираше самиот Фридрих Еберт, велејќи дека на демократијата и се потребни демократи.

„Ние тоа го прошируваме со тоа што ќе кажеме дека на демократијата и требаат активни, информирани и одговорни граѓани. Активистите треба да сакаат да влезат во политичкиот процес на промени, а граѓанскиот сектор и останатите активисти треба да ги поддржат ако се тие со искрени намери. Социјал-демократијата (исто како и демократијата) не е ‘шведска маса” па да бирате што сакате или што ви одговара: таа е ‘three/five-course-meal’ каде сите се еднакви! Примерот на СДСМ на излегување од рамките на (суштинската) моноетничност во сопствената партија е показател дека тоа е возможно – сега треба да се осигураме дека нема да се третира демократијата како ‘шведска маса’ туку ќе биде пример за едно општество за сите”, истакна Живковиќ.

Форумот завршува денес, кога претставници од цивилниот сектор на шефовите на дипломатиите на шесте земји од Западен Балкан, меѓу кои и на Никола Димитров, ќе им ги предадат препораките. Форумот го организираат Европскиот фонд за Балкан (ЕФБ), Фондацијата Фридрих Еберт и Фондацијата Хајнрих Бел.

Во меѓувреме, заврши шестиот Форум на невладини организации, на кој учествуваше и ЦИВИЛ – Центар за слобода, од каде произлезе Декларација – препораки кои ќе бидат проследени до владите на сите земји од регионот, европските институции, Советот за регионална соработка, Меѓународната организација за труд и Советот на Европа.

Tags: граѓанско општествоЗападен БалканТрстфорум
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ