• Latest

Герберих: Се надеваме на фер и слободни избори

October 3, 2017
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Герберих: Се надеваме на фер и слободни избори

October 3, 2017 16:29
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешното одбележување на Денот на германското едниство во хотелот Александар Палас, германскиот амбасадор Томас Герберих истакна дека и покрај влегувањето на десноконзервативната партија АФД во германскиот Бундестаг, Германија има силен демократски капацитет, за да се справи со предизвиците и дека ќе продолжи со својата поддршка на напорите на Македонија за европска интеграција.

Герберих, меѓу другото, ја истакна блиската соработка на двете земји, во политиката, економијата и културата, која ќе продолжи со истиот интензитет и во наредните години. Билатералниот трговски волумен меѓу Германија и Македонија е речиси три милијарди евра, потенцираше амбасадорот Герберих.

„Значаен составен дел од нашите заеднички напори ќе биде да се продлабочи и прошири перспективата на евро-атлантската интеграција на вашата земја“, рече Герберих.

Тој се осврна и на подобрувањето на добрососедските односи на Македонија и новиот владин курс во таа област: „Во оваа смисла, Германија ги поздравува брзо остварените отворени и позитивни значајни гестови на вашата нова влада во рамките на регионалната политика, како на пример, склучувањето на Договорот со Бугарија и развојот на добрососедските односи со Грција“.

Тој исто така ги посочи претстојните локални избори како значајна етапа на патот кон Европската Унија. „Се надеваме на фер и слободни избори, без да се врши влијание на гласачите“, рече тој.

На свечената церемонија на која присуствуваа државниот врв, опозицијата, сите странски делегати и претставници на многу невладини организации, не се појавија претседателот Ѓорѓе Иванов и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Маја Ивановска

 

Tags: амбасадорГерманијаДен на германско единствоЕУМакедонијаТомас Герберих
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ