• Latest

Грковска: Секој ќе полага испит за политичка зрелост, тие што нема да го положат ќе бидат избришани

December 14, 2022

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Грковска: Секој ќе полага испит за политичка зрелост, тие што нема да го положат ќе бидат избришани

December 14, 2022 11:11
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Транспарентноста на институциите мора да биде приоритет за сите нас. Само преку унапредување на транспарентноста, ќе ја зајакнеме отчетноста и контролата. Јас немам илузии дека корупцијата целосно ќе ја победиме, но мора да покажеме видливи и конкретни резултати, да создадеме услови за владеење на правото и еднаквост на институциите, порача вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

Таа на денешната регионална конференција за борба против корупцијата во Скопје, рече дека корупцијата не познава граници, ниту пак може или смее да се третира изолирано.

-Нема општество, нема институција, потполно имуна на корупција. Случајот со потпретседателката на Европскиот Парламент покажува дека тоа не е предизвик со кој се соочува една институција од една земја, не е предизвик само на еден регион, туку интернационален проблем кој никогаш нема да биде сосема искоренет. Факт е дека има многу примери за корупција насекаде, но исто така е факт дека секоја држава е различно подготвена и различно реагира на ваквите појави, рече Грковска во своето обраќање.

Таа посочи дека со нејзиниот кабинет фокусирани се на унапредување на транспарентноста, бидејќи тоа е сериозна алатка за борбата против корупцијата и организираниот криминал. Целта е, како што рече, обезбедување целосна транспарентност, особено за начинот на кој што се трошат јавните пари.

Грковска потенцираше дека треба да ја зајакнат довербата на граѓаните во институциите, а тоа ќе го постигнат само ако докажат дека со професионална, ефикасна и одговорна работа застануваат на патот на криминалот и корупцијата.

-Мислам дека сега секој ќе полага испит за политичка зрелост. Оние кои ќе го положат ќе опстојат, останатите кои ќе се борат да остане статус кво состојба, ќе бидат избришани од граѓаните. Иднината на нашите општества е во прашање. Вака, како до сега, едноставно веќе нема да може, додаде Грковска.

Таа додаде дека изминатиот период, од крајот на јуни минатата година кога владини претставници од земјите од Западен Балкан во Охрид го усвоија регионалниот патоказ за борба против корупцијата и нелегалните финансиски текови за брзо следење на спроведувањето на Конвенцијата на ОН за борба против корупцијата, нивната меѓусебна соработка е интензивирана и значајно попродуктивна.

Како што рече, се почесто се нотира потребата и значењето на ефикасното искористување на меѓународните и регионалните мрежи за спроведување на законот и судска соработка како значајна алатка за борба против корупцијата и организираниот криминал.

-Особено сум задоволна што во целиот овој процес имаме тесна соработка со граѓанскиот сектор. Од една страна е коректив на власта, но од друга страна со својата експертиза и значење може да даде значаен придонес во оваа наша заедничка битка. Пред нас има уште многу работа, додаде Грковска.

Според вицепремиерката, мора да работиме на зајакнување на сите можни капацитети, на зајакнување на сите институции надлежни за справување со корупцијата и организираниот криминал, на создавање на професионални, одговорни и отчетни институции.

Целта на денешната конференцијата е да се унапреди регионалната соработка на земјите од Западен Балкан во борбата против корупцијата и незаконските финансии во регионот, во контекст на Берлинскиот процес.

На конференцијата, покрај високи претставници од земјите од Западен Балкан, присуствуваат и претставници од клучните институции надлежни за борба против корупцијата во регионот.

Tags: антикорупцијаСлавица Грковскатранспарентност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ