• Latest

Груби остана на зборот дека ќе се врати: Се предаде на властите и покрена бура од реакции

February 23, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Груби остана на зборот дека ќе се врати: Се предаде на властите и покрена бура од реакции

February 23, 2026 12:51
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот прв вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците Артан Груби утрово е приведен на граничниот премин „Блаце“. Веднаш потоа е однесен во притвор во затвор во Шуто Оризари.

„Денеска (23.02.2026) во 06,10 часот на Граничниот премин ‘Блаце’, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во некои медиуми се појави видео од апсењето на Груби при влез во земјава од Косово. На видеото се гледа како Груби, со насмевка им ги подава рацете на полицајците кои му ставаат лисици. Според она што може да се види на снимката, Груби носи качулка и очила, и се добива впечаток дека намерно им се предава на истражните органи.

Заминување среде истрага

Истрагата против Груби започна во текот на 2024 година и се однесува на наводни злоупотреби поврзани со работењето на Државна лотарија на Северна Македонија. Обвинителството тогаш соопшти дека постојат сомнежи за незаконски јавни набавки, спорни договори и можна финансиска штета од неколку милиони евра.

Во декември 2024 година, додека постапката беше во тек, Груби ја напушти државата. Според тогашните информации, тој заминал кон Косово и не се појавил на повиците од истражните органи. Поради тоа, против него беше распишана домашна, а потоа и меѓународна потерница. Во јавноста подолг период се шпекулираше дека престојува во регионот, но официјалните институции не објавија конкретна локација сè до неговото повторно појавување на граница.

„Не избегав, патував приватно“

Во тој период, Груби ги демантираше наводите дека избегал од државата по ставањето на американската „црна листа“ и по повлекувањето од јавниот и политичкиот живот.

„Почитувани, денеска патував за приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување. Веднаш што ги завршам обврските, ќе се вратам дома при моето семејство“, објави Груби на 15 декемрви 2024 година.

Откако беше ставен на црната листа на САД, Груби реши да се повлече од ДУИ, тврдејќи дека е чист како солза, но дека не сака да и биде на товар на партијата.

Покрај поранешниот вицепремиер Артан Груби, во истрагата за работењето на Државна лотарија на Северна Македонија е опфатен и поранешниот директор на институцијата, Перпарим Бајрами, по кого е распишана потерница.

Политички препукувања

Случајот предизвика силни политички реакции во земјата, со поделени ставови меѓу власта и опозицијата. Додека едните го поздравуваат приведувањето како доказ дека институциите функционираат, други предупредуваат дека процесот мора да биде транспарентен и ослободен од политички влијанија.

СДСМ за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар на македонската граница веќе на сите им е јасно дека бегството на Артан Груби беше политички договор. СДСМ ова го најави уште во декември 2024 година. Сега само се потврди пред очите на македонската јавност. Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија да се врати. На овој начин ВМРО со поддршка од ДУИ сака да го покрие најголемиот нарко-скандал со 5 тони дрога кој води до врвот на Владата на Мицкоски, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нервозни и фрустрирани зошто Груби може да изнесе податоци за аферите и криминалите на Заеви, Филипче и Спасовски 

Ги разбираме од СДС, тие се нервозни и фрустрирани зошто Артан Груби е уапсен, и сега може да изнесе податоци за аферите и криминалите за кои здружно работеа со Зоран Заев, Вице Заев, Оливер Спасовски, Венко Филипче. Затоа од СДС се обидуваат да ги затскријат трагите и на овој начин да се спасат себе си, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ.

ДУИ: Позитивно го оценуваме враќањето на Груби, очекуваме фер и транспарентна постапка

Демократската унија за интеграција (ДУИ) позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата, со што се создава можност преку транспарентна, правична и непристрасна постапка да се изнесат сите аргументи и да се разјаснат сите прашања, но пред сè со целосно почитување на презумпцијата на невиност и со заштита на индивидуалните права и слободи.

ВЛЕН за приведувањето на Груби: Црната кутија за владеењето на ДУИ конечно се предаде 

Црната кутија за владеењето на ДУИ конечно се предаде. Артан Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на ДУИ. Затоа, Мала Речица се тресе од страв за тоа што не знаат за што се е подготвен да прозбори Артан Откако катастрофално изгуби ДУИ на локалните избори и паднаа во вода сите лажни ветувања на Ахмети за предвремени избори и наводен влез во Влада, на Артан не му останува ништо друго освен да се соочи со сопствените гревови. Но кој се ќе оди курбан заедно со него допрва ќе видиме, соопштија од ВЛЕН.

Поширок политички контекст

Случајот повторно го отвори прашањето за одговорноста на високите функционери во Северна Македонија и за праксата на напуштање на државата пред завршување на судските постапки.

Во јавноста често се прави паралела со поранешниот премиер Никола Груевски, кој во 2018 година избега од државата откако беше осуден со правосилна пресуда и доби азил во Унгарија. Тој и понатаму се води како лице во бегство.

Токму овие случаи ја засилија јавната дебата за ефикасноста на институциите, граничната контрола и механизмите за спречување бегство на лица против кои се водат постапки.

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ