• Latest

Груби: Очекуваме храброст и одлучност од ЕУ за датум за преговори

May 15, 2018

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Груби: Очекуваме храброст и одлучност од ЕУ за датум за преговори

May 15, 2018 16:05
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија ги исполни сите услови за добивање датум за преговори годинава. Настапивме храбро во согласност со очекувањата од Брисел. Сега, очекуваме иста, дури и поголема храброст и одлучност и од страна на земјите членки на ЕУ во поглед на отпочнување на преговори за членство, истакна денеска претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби на седницата посветена на „Француска перспектива врз иднината на ЕУ“.

Македонија, додаде пратеникот на ДУИ, ја надмина политичката криза, формираше нова влада, оддржа кредибилни и демократски избори, оствари напредок во остварувањето на итните реформски приоритети, склучи договор за добрососедство со Бугарија, го заокружи Рамковниот договор, избран е јавен обвинител и уставни судии.

– Преостанува привршување на разговорите за надминување на разликата за името, за што, оптимист сум дека мај е месецот на големи одлуки, рече Груби.

Тој кажа дека францускиот претседател Емануел Макрон во Европскиот Парламент немал никаков сомнеж за интеграцијата на нашите земји во Унијата.

– Ние бараме да не оценувате строго, но фер и коректно, со заедничка одговорност за иднината, мирот и стабилноста на нашиот континент, без никакви други калкулации, порача Груби.

Го цени, како што рече, предлогот на Макрон со цел да ја доближи идејата за потребата од суштински реформи во Унијата, Комисијата за ЕУ во Националното собрание да организира серија на јавни дебати во кои ќе земат учество различни општествени фактори за иднината на Унијата.

Францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние истакна дека без разлика на потешкотиите со кои ќе се соочува Македонија, Франција ќе биде со неа да и помогне во евроинтегративниот процес. Знаеме, додаде тој, дека Европа и е во срцето на Македонија, но заедно да го подготвиме патот земјата да стане членка на ЕУ.

Ив Бертончини, експерт за европски прашања, претседател на Европското движење на Франција и потпретседател на меѓународното Европско движење кажа дека во однос на проширувањето треба да се научат лекциите од минатото и затоа денес условите за приклучување се потешки. Знам, додаде тој, дека тоа во Македонија се чувствува.

Според него, Франција, Германија и другите земји до 2025 -2028 година ќе имаат време да се фокусираат на прашања како колективната безбедност, затоа што Европа е под закана, но и за фискалната политика.

Според него, влегувањето на Турција во ЕУ во Франција веќе не е на дневен ред поради, како што рече, застранувањето на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

– Ако во Франција зборуваме за проширување без Турција, а се концентрираме на Западен Балкан е многу подобро, врли францускиот претставник. (МИА)

Tags: Артан ГрубидатумЕУПреговоричленство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ