Обвинителката Вилма Русковска, парафразирајќи го сведокот С1, во своите завршни зборови на судењето за настаните на 27 април 2017 година, го искажа тоа што во јавноста е познато како сомнеж – дека Груевски е организатор на нападот на Собранието.
Таа побара казни за сторителите на кривични дела при поттикнувањето, организирањето и изведувањето на нападот врз Собранието. Воедно, таа ја искажа својат огорченост (и како граѓанка) од фактот дека такво нешто воопшто се случило во земјава.
Џ. Д.