• Latest
Добро утро со Орданоски

Груевски за претседател!

January 8, 2019
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Груевски за претседател!

January 8, 2019 07:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]С[/dropcap]о оглед на тоа што до ден-денешен официјалните ставови на ВМРО-ДПМНЕ со ниту еден збор не се дистанцираа од ликот и делото на својот некогашен партиски претседател, кој и денеска, во бегство, гордо им ја носи таа почесна функција, мислам дека единственото исправно решение за најголемата опозициска партија ќе биде Никола Груевски да го кандидира на претстојните претседателски избори во Македонија.

Да повторам – Груевски за претседател!

Да видиме кои се добрите причини за евентуална ваква одлука на ВМРО-ДПМНЕ?

Прво, затоа што, објективно, немаат подобар кандидат. Со цел респект на сите до сега спомнати фигури од таа партија, Груевски е, објективно, единствениот кој ќе мобилизира партиска поддршка зад себе каква што никој друг не би поттикнал.  Имено, неговата кандидатура ќе биде референдумско изјаснување за или против досегашниот „лик и дело“ на Зоран Заев, а омразата кон Заев во таа партија (но и во еден значаен дел во општеството) е, најблаго речено, значителен политички мотив за дишење воздух.

А, кој ќе гласа против Груевски? Па, сите оние кои и онака би гласале против ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи со кандидатурата на Груевски таа партија не би изгубила ниту еден глас кој би отишол за некој друг вмровски претседателски кандидат. (На страна тоа за кого Али Ахмети, всушност, ќе даде инструкции да се гласа или, пореално, да НЕ се гласа на таквите избори.)

Второ, со кој било друг кандидат, ВМРО-ДПМНЕ е соочена со извесно губење на претседателските избори, доколку, на еден или на друг начин, партијата не оди на бојкот на изборите. Вчерашните две изјави на Мицкоски дека, од една страна, тие сигурно победуваат на претседателските избори; и, од друга страна, дека нема да гласаат за антикорупциските законски решенија (бидејќи биле бла-бла-бла…), што значи неможност да се формира нова Државна комисија за борба против корупцијата до распишување на изборите – звучи како подготвување терен за повик на изборен бојкот.

Значи, бидејќи кандидатурата на Груевски, од Будимпешта, за претседателските избори ќе биде исправена пред којзнае колку правни контрадикторности – веќе уживам во вресоците на Каракамишева и тоа женско друштво, доколку Иванов, на пример, не реши со еден „демоклов“ потег да го помилува за неговото досегашно вонзаконско однесување – тогаш власта ќе биде пред деликатно политичко решение дали таа кандидатура може да биде валидна?! Но, како и да излезе тоа решение, целиот процес за ВМРО-ДПМНЕ ќе биде примамлива морална победа, а и добар повод за бојкот на изборите доколку витешката кандидатура Груевски не биде прифатена од „режимот на Заев“.

Впрочем, после сите правни отстапки и кршења на законите во име на „помирувањето“ овозможени од СДСМ, не гледам зошто и приклучувањето на Груевски на списокот на „помирени“ би бил неприфатлив правен преседан? Груевски никогаш не рекол дека е против НАТО и ЕУ. Напротив, би можело да се тврди токму спротивното: со „помирувањето“ со Груевски се затвора кругот на оние со кои се комплетира историскиот проект на СДСМ за национално содружништво, од тука натаму и за век и вјеков до сто и една и назад!

Трето, за самиот врмовски претседател Мицкоски таквата кандидатура би била идеално решение – без разлика што ќе се случи со исходот од целата таа епохална контроверза! Просто е: Како и да излезат изборите, нема да има никој релевантен во и вон партијата што ќе може да ја бара неговата „глава“ за таа изборна одлука. Ако победат, голем дел од славата оди за Мицкоски; ако изгубат, нема горчина за него во тој пораз, напротив, гестот би бил комбинација од патриотизам и џентлменство кон обесправениот бивш лидер (и газда „во сенка“), што ефикасно би ги загушило сите „бунтовнички“ струи кои сега му се закануваат од внатре во партијата со барање за негова постизборна одговорност; доколку, пак, Груевски не биде прифатен за кандидат од страна на државните власти, Мицко може да ја накриви капата и „на гради“ да ја дочека уставната криза во која ќе влезе Република Северна Македонија со пропаднати претседателски избори. Порозова иднина од таа за ВМРО-ДПМНЕ не може да се замисли!

Да заклучам: сите околности упатуваат на тоа дека, ако се има предвид доследноста на сегашното ВМРО-ДПМНЕ во верното следење на политиката на Груевски – особено откако Мијалков, со премолчена поддршка од братучед му Никола, го прогласија за „големиот виновник“ за грешките на партијата во минатото – не гледам никаква причина за тоа Груевски да не биде единствениот, неспорен, победнички кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на следните претседателски избори во земјава.

Замислете ја таа спектакуларна изборна конфронтација, како во костимираните холивудски средновековни драми: Тоа би бил историски судир меѓу филозофијата на гулашот и уметноста на ајварот во Македонија!

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

Share311TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ