• Latest

Груевски им се закани на наводните „полначи на кутии„!?

December 1, 2016
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Груевски им се закани на наводните „полначи на кутии„!?

December 1, 2016 19:31
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На вчерашниот митинг во Кочани, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, обелодени дека опозицијата, наводно здружена со „подземени структури, особено кај албанските радикали“, заговарала идеја за полнење на гласачките кутии на денот на изборите!? Иво Котевски од Центарот за комуникации на владеачката партија, ни изјави дека не ги пријавиле на надлежните, сознанијата на лидерот, но дека очекуваат МВР да реагира по „допрен глас“, а шефот на Изборниот штаб на СДСМ Дамјан Манчевски, во изјавата за ЦИВИЛ Медиа беше дециден дека „на 11-ти декември ќе завршат сите приказни од главата на Никола Груевски“…

Експремиерот Груевски од говорницата на митингот на коалицијата „За подобра Македонија во Кочани, порача дека „народот нема да дозволи продолжување на политичката криза во Македонија, и дека  со масовното излегување и масовното, историско давање поддршка на ВМРО-ДПМНЕ“, ќе предизвика „збришување од политичката сцена на Зоран Заев“.

„Ги гледам и нивните платеници, последните денови почнуваат да ја шират оваа теза дека ќе имало широка коалиција, дека СДСМ ќе влегла во Владата. А, не се свесни каква огромна разлика во гласови ги очекува на  следните избори… И уште една работа да им порачам, што е работата на изборите, ако сите партии влезат во Владата. Тогаш, зошто одиме на избори, за сите да влезат во Владата? Ако сите влезат во Владата, кој наредниот пат ќе излезе на избори да гласа, кога однапред знае дека сите влегуваат во Владата. Која е таа демократија – сите, и тие што добиле доверба од граѓаните во мнозинство и тие што загубиле, да станат дел од Владата? Драги пријатели, беспредметно е сето тоа да се објаснува. И јасно е, дека ова е последниот обид, последниот трик на СДСМ да го дигне нивното членство коешто е во почетна фаза на депресија…“, им порача Груевски на сопартијците.

grujo-500x333

Веднаш потоа, тој на присутните им ги изнесе своите сознанија дека во опозицијата, „во последните денови размислувале и заговарале и други идеи. Здружувајќи се со некои подземни структури особено кај албанските радикали, кај порадикалните структури на Албанците во Македонија, разговарале за некакво полнење кутии, заедничко, договорено, не знам какво… Сакам да им порачам да не си играат играчки! Затоа што потоа, ни цела албанска дијаспора, од цела Швајцарија, од цел свет, нема да ги спаси од овој народ и од сите граѓани на Македонија! И од Македонците, и од Албанците, и од Турците, и од Ромите, и од Бошњаците, и од Власите, и од Србите, и од сите останати!“, порача Груевски.

ЦИВИЛ Медиа побара изјава од Иво Котевски, шеф на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, со прашања за изворите на информациите на лидерот Груевски и за тоа дали сознанијата за наводно подготвуваниот изборен криминал се пријавени во МВР.

„Ние, како партија, не пријавивме никаде за нашите сознанија, но МВР, на чело на министерот Оливер Спасовски, треба самото да покрене истрага по ‘допрен јавен глас’. Еве, и за вас е добра појдовна точка, да ги истражите лицата со дебело криминално досие кои се фотографираа со Зоран Заев и со Спасовски. Во јавноста излегоа фотографии на Заев со уапсениот за криминал, Захир Бекири“, ни изјави Котевски.

ЦИВИЛ Медиа побара коментар за обвинувањата на Груевски и од Дамјан Манчевски, шеф на Изборниот штаб на СДСМ.

„Човекот заради кого има предвремени избори поради кражба на гласови, човекот кој е обвинет за изборни нерегуларности, човекот за кого е докажано дека прислушкувал, човекот кој ја уништи демократијата во Македонија, обвинува за нерегуларности?! На 11-ти декември ќе завршат сите приказни од главата на Никола Груевски“, ни изјави Манчевски.

Дехран Муратов

Tags: албанска дијаспораВМРО-ДПМНЕДамјан МанчевскиЗоран ЗаевИво КотевскиКочанимитингНикола ГруевскиОливер Спасовскиподземни структуриСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ