Во тек е отворена дебата на Советот за безбедност на ОН, каде што генералниот секретар Антонио Гутереш, меѓу другото, го осуди бруталниот напад на Хамас на 7 октомври, како и бруталноста на одговорот на израелската армија во Појасот Газа. Тој ја алармира светската јавност дека во Газа се случува хуманитарна и воена катастрофа.
Гутереш побара итно запирање на нападите врз цивилни цели. Меѓу другите податоци, Гутереш сподели дека повеќе од 35 членови на персоналот на ОН загинале во израелското бомбардирање.
Палестинците со под израелска „задушувачка окупација“ веќе 56 години, рече Гутереш.