• Latest

ХЕРА алармира: Лагите и говорот на омраза онлајн се претворија во напад и закана по живот за вработените во ХЕРА

January 14, 2022
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Сергиј Бережној: Политичкото православие нема ништо заедничко со Христос – Русија ја претвори религијата во оружје против Украина

August 12, 2026
Џелал Хоџиќ (фото: ЦИВИЛ)

Џелал Хоџиќ: Маратон кон ЕУ, спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 12, 2026
Севернокорејски ракетен систем KN-23 (фото извор: севернокорејски медиуми)

Севернокорејски ракети во рускиот арсенал на теророт: Воениот сојуз Кремљ-Пјонгјанг е закана за Европа и светот

August 12, 2026

Нема загадување, нема пријавена штета, нема докази за перење пари, но случајот „Мазут“ сѐ уште е жив

August 12, 2026
Игор Дурловски (фото извор: соопштение на ДУИ)

„Влада на исклучување“ наспроти „приватизација на Охридскиот договор“: Пресметка меѓу ДУИ и ВЛЕН за владиниот спот

August 12, 2026

Џелал Хоџиќ, СДА Македонија: Олигархијата го помага кочењето на интеграцијата во ЕУ

August 11, 2026
Вилен Темерјанов

Четири години од апсењето на Вилен Темерјанов: Новинарството не е злосторство – руската агресија е злосторство

August 11, 2026
Ерол Ризаов (фото: ЦИВИЛ)

ЦИВИЛ ги осудува смртните закани кон Ерол Ризаов: Институциите мора да ја прекинат културата на неказнивост

August 11, 2026
Кијив, 11 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Теророт на рускиот агресор не познава граници: Кијив, Запорижја и други градови под напад, погодена и детска болница

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

ХЕРА алармира: Лагите и говорот на омраза онлајн се претворија во напад и закана по живот за вработените во ХЕРА

January 14, 2022 14:07
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

ХЕРА , Асоцијација за здравствена едукација и истражување најостро го осудува нападот со умисла врз нејзина вработена што вчера се случил од страна на непознато лице во младинскиот центар „Сакам да знам“ – Водно,  ,соопштуваат од ХЕРА.

Имено, возрасно машко лице влезе во Центарот за да се информира за достапните услуги, наводно заинтересиран заради здравјето на неговите деца. Додека вработената му ги објаснуваше различните видови на тестирања за сексуално преносливи инфекции, тој почнал да ѝ упатува навреди од типот на „соросоидна к***а“ и отворено да се заканува дека ќе ја запали и неа и Центарот доколку викне полиција. На овој начин, тој ја загрозил нејзината безбедност, како и безбедноста на сервисот на организацијата. Притоа, особено загрижува фактот дека посетата на Центарот и нападот врз вработената се направени со умисла.

Младинскиот центар „Сакам да знам“ на Водно е основан во 2005 година и оттогаш, секоја година опслужува најмалку 1500 граѓани од маргинализираните и ранливите групи со бесплатни и доверливи услуги за сексуално и репродуктивно здравје, вклучувајќи гинеколошки и дерматолошки прегледи, тестирања, советувања, контрацепција и психолошка поддршка.

И покрај важната улога што овој сервис со години ја има во зачувувањето на здравјето на граѓаните, а особено на младите, овој напад врз ХЕРА и нејзините вработени не е изолиран случај, но е најсериозен во серијата настани што се случија во изминатиот период, токму поради тенденцијата директно да се заплаши организацијата.

Вчерашниот настан се надоврзува на низата напади и говорот на омраза кон наши вработени и кон организацијата на социјалните мрежи, кои особено зачестија во последната година со нашите залагања за воведување на сеопфатното сексуално образование (ССО) во училиштата. Наводно сакајќи да ги заштитат традиционалните семејни вредности, радикалните противници на ССО организирано шират лаги и извртуваат информации за да предизвикаат морална паника и страв, притоа отворено дискриминирајќи групи на граѓани и користејќи говор на омраза.

Ваквите напади особено се интензивираа во последните две недели од страна на политичката партија „Левица“ која пласира лажни информации за активности со општините Карпош и Аеродром од кои ХЕРА никогаш не добила финансиски средства за нивно спроведување, најавувајќи ја така обновата на т.н.„десоросоизација“ и хајката против граѓанскиот сектор.

Една од основните одлики на демократското општество е поттикнувањето на аргументирана дебата со неистомислениците преку користење точни информации, а не преку заплашување, закани и насилство. Вчерашниот напад врз вработено лице во нашиот младински центар, за жал, укажува дека несанкционирањето на говорот на омраза и на прогонот на организациите на интернет од страна на надлежните институции лесно може да се прелее во реалноста и да предизвика омраза, насилство и дискриминација кон поединци и организации од граѓанскиот сектор.

Оттука, апелираме до надлежните државни институции да престанат да ја одржуваат културата на неказнивост со своето непостапување и со сериозност да му пристапат на овој случај и соодветно да ги санкционираат говорот на омраза, заканите и насилството во јавниот простор.

Преку соопштението, од ХЕРА излегоа со конкретни барања:

– Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Министерството за внатрешни работи да ги осудат нападите кон граѓанските организации и сериозно да го истражат последниот напад за кој е направен и полициски записник и да го третираат како кривично дело, а не како прекршочно. Исто така, бараме да ја испита можната поврзаност на овој настан со претходното ширење на омраза и лаги против ХЕРА;

– Основното јавно обвинителство да спроведе истрага за кривично дело расна и друга дискриминација што се врши со прогонување на организации и поединци и нивното залагање за рамноправност на луѓето и да покрене обвинителен акт до надлежниот суд;

– Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство поблиску да ги следат говорот на омраза поврзан со т.н. „десоросоизација“ и заканите и нападите кон граѓански активисти и конечно да преземат проактивна улога во негово санкционирање. Иако говорот на омраза не е изрично санкциониран со Кривичниот закон, сепак постојат одредби на кои може да се повика и да постапува, особено имајќи ги предвид политичкиот контекст и историјата на напади и закани;

– Сите јавни функционери и избраници на народот на национално и локално ниво, како и политичките лидери да се оградат и да осудат говор на омраза и однесување кое поттикнува насилство врз кој било поединец или организација и да им се спротивстават на лажните вести и на манипулациите со докази и со точни и проверени информации од релевантни извори;

– Општините Аеродром и Карпош во кои директно се омразува и лажно напаѓа ХЕРА јавно да се оградат од овие напади врз организацијата и да ја заштитат нашата безбедност.

Ја известуваме јавноста дека за овој напад покренуваме кривична пријава за кривично дело расна и друга дискриминација што се врши со прогонување на организации и поединци и нивното залагање за рамноправност на луѓето.

ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, која во континуитет спроведува мониторинг на општествените и политичките процеси, како и на дезинформациите и говорот на омразата, остро го осудува секој облик на креирање и ширење дезинформации и омраза по било која основа и на било кој начин.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријавуваат дезинформации и говор на омразата преку онлајн Граѓанска пријава, како и во директна комуникација со организацијата.

Д.М

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ