• Latest

Хоџиќ за ЦивилМедиа: Политичката кариера на Додик е пред крај, тој не е во состојба да ги спроведе великосрпските и руските аспирации на Балканот

January 9, 2025
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Хоџиќ за ЦивилМедиа: Политичката кариера на Додик е пред крај, тој не е во состојба да ги спроведе великосрпските и руските аспирации на Балканот

January 9, 2025 13:38
in ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжуваат тензиите во Босна и Херцеговина, што неизбежно има влијание врз стабилноста на целиот регион на Западен Балкан. Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, продолжува со својата агенда за дестабилизација на БиХ и регионот. Тоа се потврдува и со изјавата дека отцепувањето на Република Српска е „света задача“ што ја даде за локалната телевизија РТРС. Изјава и политиките на верниот следбеник на рускиот диктатор Путин, беа повод за ова ексклузивно интервју на ЦивилМедиа со Џелал Хоџиќ, претседател на СДА Македонија, во јавноста познат и како колумнист и активист за човекови права.

ЏАБИР ДЕРАЛА / ЦИВИЛ МЕДИА: Како ја оценувате изјавата на Додик дека отцепувањето на Република Српска од Босна и Херцеговина е „света задача“? Иако ваквите изјави не се ни оддалеку изненадување кога се работи за Додик, но во јавноста како да изостанува дискусија, а уште помалку осуда за овие тенденции. Што стои зад таа изјава на Додик?

ЏЕЛАЛ ХОЏИЌ: Изјавите на Милорад Додик дека отцепувањето на помалиот ентитет на БиХ е света задача се еден континуитет на негови изјави кои му ја одбележаа политичката кариера, но преставуваат и континуирана цел на великосрпската политика.

Поделбата на Босна и Херцеговина беше цел и на Слободан Милошевиќ, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ. За да ја исполнат таа цел, овие тројца започнаа војна против независноста на Босна и Херцеговина, а во текот на таа војна извршија геноцид врз Бошњаците. Единствен геноцид на тлото на Европа после Втората светска војна досега. Дури по завршетокот на агресијата на Русија врз Украина ќе се докажува евентуален геноцид на великоруската политика на Путин врз Украинците. И како што знаете, отпорот на Бошњаците и босанските патриоти не дозволи поделба на БиХ. Додека Слободан Милошевиќ, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, како и нивната политика, завршија како воени злосторници во меѓународниот суд во Хаг.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали мислите дека целта на Додик е остварлива?

ХОЏИЌ: Прашањето е, ако целта за поделба на БиХ не им успеа на многу помоќните Милошевиќ, Караџиќ и Младиќ, зошто Милорад Додик мисли дека токму тој сега може да ја спроведе таа цел? Мојата теза е дека тој знае дека таа политика повторно ќе биде поразена од босанските патриоти, но него во конфликт го турка токму агресорот Путин.

Знаете, додека цел демократски свет го изолира Путин, Милорад Додик одеше на редовни средби и координации во Москва. Одамна не е тајна, дури и демократските опозициски структури во Србија со огорченост зборуваа за плановите на Путин преку великосрпската политика да произведат нов конфликт на Западен Балкан – БиХ, Црна Гора, Косово.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали Босна и Херцеговина има капацитет да се справи со екстремизмот на Додик и неговите планови да ја отцепи Република Српска?

ХОЏИЌ: Денес, за разлика од почеток на 90-тите години, Босна и Херцеговина и нејзините патриоти се многу повеќе организирани. Прво, искуствата од отпорот и одбранбената војна од 90-тите сѐ уште се свежи. Второ, денес на меѓународен план Босна и Херцеговина има многу повеќе пријатели од периодот кога се стекнуваше независноста. Трето, денес БиХ има своја сериозна наменска индустрија која произведува оружје и за извоз низ целиот свет, а тоа не беше случај во почеток на 90-тите. Четврто, вмрежувањето на пријателите на БиХ и босанските патриоти е многу полесно со денешните технологии.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се Вашите прогнози за Милорад Додик? Каква е неговата иднина?

ХОЏИЌ: Мојата прогноза за Милорад Додик, кој сето ова го знае, е дека, сепак, неговата политичка кариера е на самиот крај. Тој и неговото семејство се на црните листи на САД и Велика Британија, во Европа има поддршка само од Орбан и останатите ултрадесничари, па нема сила да влезе на крајот од кариерата во авантурите кои од него ги бара Путин. Доколку во некој очајнички потез сепак го направи тоа, неговата политика ќе биде уште поефикасно поразена, отколку своевремено политиката на Слободан Милошевиќ, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ.

Не заборавајте, НАТО сојузот, најголемиот воено-безбедносен сојуз на светот, официјално има три воени интервенции. Првите две воени интервенции се врз целите на великосрпската политика во БиХ и Косово, а третата интервенција е врз целите на политиката на Талибанците.

Разговорот го водеше: Џабир Дерала

Tags: Босна и ХерцеговинаМилорад ДодикРепублика СрпскаСДАЏелал Хоџиќ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ