Не знам кој на што се надева, но „ерменската афера“ со македонското „дипломатско“ замешателство е тука – и нема наскоро да си замине. Приказната е со компоненти на холивудски трилер во доменот на настаните што се случувале вон територијата на државава, а она што ја тангира Македонија е со елементи на домашниот жанр „институционален хорор“ во кој допрва останува да се уточнува кој и што знаел, кога дознал, и што преземал или одмолчил. И зошто? читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Ерменско-македонската каша-попара продолжува”
ИЗБОРИ: За денеска е најавено потпишување на Кодексот за фер и демократски избори во неколку општини:
– Општинската Изборна Комисија – Гази Баба организира настан за потпишување на Кодексот за фер и демократски избори меѓу кандидатите за градоначалници на општина Гази Баба.
-Кандидатите за градоначалници на Општини Аеродром ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори.
-Кандидатите за градоначалник на Општина Битола ќе потпишат Кодекс за фер и демократски локални избори.
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ:
– Прес-конференција на заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и потпишување на меморандум со Естонскиот центар за меѓународен развој.
-Заменик на претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми ќе одржат прес-конференција.
-Претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Неби Хоџа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски ќе одржат прес-конференција.
СОСТАНОК: Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, ќе учествува на Десеттиот состанок на претседатели на парламенти на земјите од Југоисточна Европа.
СОБРАНИЕ: За денеска е најавена седница на собраниската Комисија за надворешна политика.
ФОРУМ: Македонско-германски форум “30 години независност на Северна Македонија – Улогата на Собранието во демократијата” во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за општествени истражувања – МК91.
ОБРАЗОВАНИЕ: Панел дискусија на тема „Какви новини се потребни во средношколското организирање?“, во организација на Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија и Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи.
Меѓународна научна конференцијата на тема „Влијанието на високото образование врз општеството“ во организација на УКЛО.
СВЕЧЕНОСТ: Свечен настан „Блаже Конески минато – сегашност – иднина“ по повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески и 20 години Фондација „Небрегово“
МОНИТОРИНГ: Остануваат уште шест дена до истекот на крајниот рок за аплицирање за краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Крајниот рок за пријавување е 30 септември, до 17 часот. Од организацијата информираат дека е доволно да се аплицира само еднаш и дека сите што аплицирале, без исклучок, поединечно ќе бидат информирани дали нивната апликација е прифатена или не.
Постапката за селекција на апликациите ќе трае најдоцна до 3 октомври, а веднаш потоа ќе се одржат и семинари за обука, соодветно на ситуацијата со КОВИД-19.
Сите останати информации и линкови во врска со овој повик на ЦИВИЛ може да се најдат во текстот под наслов Во тек е повик за изборни набљудувачи на ЦИВИЛ, објавени и одговори на новите прашања од набљудувачите.
КОМУНИКАЦИЈА: Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.
Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.
Д. Мишев