На 6 март 2023 година, околу 20 часот, ладнокрвно беа убиени две лица Јетон Кривањева – Жила и Енес Исени – Лаци, а едно лице беше повредено со две прострелни рани. Напаѓачите влегле во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија, и кога ги нашле “таргетите” почнале да пукаат во нив и избегале. Засега, според непотврдени информации, напаѓачите наводно биле облечени во црна облека налик на униформа по што извикале дека станува збор за полициска рација. По нападот, убијците избегала со Ауди А6 кое е најдено запалено во патот кон Горно Оризари.
Меѓутоа, на социјалните мрежи не изостана да се шири говор на омраза, дезинформации и руска пропаганда од свирепото двојно убиство.
Манипулациите и обидот да се прикажат „вагнеровци“ како светци оди до таму што се прават фотомонтажи од објавени наслови во македонските портали.
(едитирано) Меѓутоа, дел од твитер заедницата ја демаскира руската пропаганда. Еден од тие е и твитер профилот Летечки фахман, кој ја споделил фотомонтажата со руска пропаганда и напишал сатиричен коментар: „Во меѓувреме на интернет, удри Путине“.
Ова не е првпат твитерџиите да ја демаскираат руската пропаганда која се шири на социјалните мрежи.
Оние што си прават „хе-хе-ца“ демек „вагнеровци“ дошле во Скопје и убиле двајца криминалци, ништо не коментираат за видео снимка од брутална и ладнокрвна егзекуција на невооружен украински војник што веројатно ја спроведуваат припадници на руските окупаторски сили, која се појави на социјалните мрежи на 6 март.
ЦИВИЛ Мониторинг тим