• Latest

Христоски: Луѓето се изморени од национализам

October 22, 2020
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Христоски: Луѓето се изморени од национализам

October 22, 2020 11:42
in ЗЕЛЕНИ, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски, за ЗЕЛЕН ЦИВИЛ зборува за зелените перспективи на општината, антинационализмот и социјалната правда.

ЗЕЛЕН ЦИВИЛ: Кои се зелените перспективи на вашата општина?

Христоски: Нашата држава по устав е социјална држава и следствено на тоа сите општествени фактори, вклучувајќи ги и општините во овој контекст, треба да обезбедат социјална правда, еднаков пристап до можности и заштита на сите групи на граѓани. Дополнително, Северна Македонија е исто така мултиетничка држава и оттука наша обврска е да обезбедиме еднаков третман на сите и да бидат елиминирани сите поделби по етничка опција.

Крушево, како и државата, е засновано на мултиетнички основи, со заедничка заложба и борба на Македонци, Албанци, Власи и други националности се основал и се гради нашиот град. Пример сме по тоа што сме тријазична општина, практикувајќи ги македонскиот, албанскиот и влашкиот јазик, но тоа не значи дека останатите јазици не се користат и колку повеќе се користат толку подобро можеме меѓу себе да се запознаеме и да се прифаќаме.

Работата во изминатите 3 години во општина Крушево покажува дека некои работи се променети на подобро. Ако претходно се работело само во делови од општина со доминантно македонско население, денес ние работиме подеднакво сегде. Имплементираме проекти, кои произлегуваат од потребите на граѓаните, во градот каде што доминантни се Македонците и Власите. Потоа, во население места имаме барем по еден голем проект во селата со македонско, албанско, турско, бошњачко и други население. Се одлучивме да работиме според потребите и барањата на граѓаните насекаде во општината, а не според етничката припадност. Преку тоа овозможуваме социјална правда и ги надминуваме сите пречки меѓу нас.

ЗЕЛЕН ЦИВИЛ: Кога говориме за зелените вредности, познато е дека тие не се однесуваат само на заштитата на животната средина која, пак, често се меша со поимите поврзани со комуналната хигиена. Зелените вредности подразбираат почитување на човековото достоинство, што подразбира и социјална правда и антинационализам, стратегии за одржлив развој, што подразбира напуштање на принципите на либералниот капитализам… Колку, според Вашите анализи, знаат политичарите во нашата земја?

Христоски: Денес во Северна Македонија имаме власт која покажува дека генерално знае да се држи до идеолошките определби. Левата опција, како моја идеолошка определба, е онаа која е најблиска до народот, но истовремено бизнисот тука има еднаков третман. Левата опција подразбира соработка меѓу бизнис секторот и граѓаните, а не фаворизирање на бизнисот како што тоа го прават од спротивната идеологија.

Преку создавање на соодветни услови за бизнис секторот, истовремено ќе се отвори простор за заштита на човекови и работнички права можеме да го градиме нашето општество и сите бариери кои постојат можат да се надминат. Само така ќе ги адресираме социјалната неправда, национализмот, одржлив развој и друго. Јасно е дека кај нас многу пати се испреплетуваат политичките идологии, но денес мислам дека имаме вистинска можност да создадеме таква држава како што е запишано во соновачкиот документ на државата и, истовремено, да ги испочитуваме определбите на предците и сите кои се бореле за слободна држава.

ЗЕЛЕН ЦИВИЛ: Вашиот став за растечките политички и етнички мотивирани тензии во нашата земја? Кому одат во прилог, а кој губи?

Христоски: Тие вештачки поттикнати тензии не можат да „фатат“ здрава основа меѓу граѓаните затоа што омразата и нетрпеливоста се драстично намалени, а луѓето се уморени од национализам. Ќе потенцирам уште еднаш, Крушево е вистински пример за ова. Едно општество за сите е нашата цел.

ЗЕЛЕН ЦИВИЛ:Што треба да се направи во овој поглед?

Христоски: Мораме да продолжиме со градење на едно општество за сите. Мораме за сите граѓани да обезбедиме еднакви можности и еднаква инфраструктура и сметам дека сме тргнати во добра насока. Ние сме сите едно, ова е наша држава, Крушево е општина на сите и наша обврска, но и интерес да ја изградиме општината. Мора да продолжиме со развој на економијата, со унапредување на човековите права и со активна работа на инфраструктура, изградба на канализации, водоводи, патишта, подготовка на инфраструктура за млади, спорт и се што е потребно во насока на развој на општеството.

Обработка на текст: Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ