• Latest
Добро утро со Орданоски

И душата во рајот и парите во џебот…

November 7, 2018
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

И душата во рајот и парите во џебот…

November 7, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]K[/dropcap]акво неверојатно, ноемвриско затоплување: нашите политичари почнаа да се расправаат и нашите политички дебати почнаа да се водат за реформата на висината на данокот во државата! Ауууу, да не поверуваш дека во општествово, после којзнае колку години сечење вени на идентитетски и етно-национални судбински тралалајки, всушност останала некаква енергија за кавга, макар и млакичка, за почеток, како оваа, околу тоа кој какви даноци треба да плаќа…

Работите си се поредија и според нормален, идеолошки ред: опозицијата, која се издава за десно-конзервативна политичка сила, си го брани рамниот данок со кој богатите, пропорционално, плаќаат помалку; а социјалдемократите, кои се доживуваат за лево од центарот, предлагаат прогресивен данок, со кој побогатите, фактички, ќе плаќаат многу повеќе од посиромашните. Убавини.

Сите комори на работодавачите веднаш застанаа со поза на загриженост, резерви и контрирање кон левичарската даночна реформа; сите работнички синдикати, пак, останаа без текст, бидејќи во Македонија нема синдикати.

Некои аналитичари тврдат дека Владата ја започна дебатата за даночната реформа токму како пропагандна субверзија, за да ја потисне во јавноста темата на уставните промени. Владата, пак, тврди дека државата нема време за чекање да се исцеди и последната капка крв само околу бесконечните идентитетски теми и дека останатите реформи не можат веќе да бидат жртва на бескрајните расправи за името, името, името… Оти, како што е познато, реформските капацитети на власта се големи и универзални, само се малку моментно фрустрирани што не можат да дојдат до полн израз заради енергетската апсорпција на големите национални теми за помирувања, преименувања и простувања.

Проблемот е што даноците и нивните реформи никогаш не биле тема за освојување значителни политички поени, односно изборни гласови во Македонија. Дури и големиот даночен реформатор Груевски – кој со своите рекламни промоции на „ДДВ пица-буџетот“, тврди другар ми Мирко, за првпат ја вкуси моќта на пропагандата во политиката, што многу подоцна скапо ќе ни се удри колективно од глава – мораше да го извади мечот на Александар за да се размавта со него по идентитетските прашања на, во главата, конфузните Македонци, за да ја распали нивната фантазија за измисленото славно минато. На тој меч Груевски, на крајот, и смртно политички се набоде.

Затоа и не е сосема јасно на што, точно, се надева Заев со оваа даночна реформа?

Приходот во буџетот ќе биде релативно безначаен – некакви 20-30 милиони евра годишно – кои ќе ги извади од џебот на поимотните, за (наводно) да им ги раздели на посиромашните. Но, за тие ситни пари ќе се конфронтира со моќен слој во општеството кој и така по малку се нервира со неговата провинциска амбиција да се запише со крупни букви во македонската историја… Па, барем да беше од славниот Штип (и штипско Ново Село), а не од Струмица – пардон, струмичко!

Од друга страна, на популистичката опозициска десница, чијшто лидер понизно клечи по митинзи пред „народот“, ќе ѝ биде тешко да им објасни на своите симпатизери зошто повеќе пари за сиромашните е лошо за Македонија? Во телевизиските експертско-професорски даночни дебати конзервативните политички застапници ќе влезат без нормалната опозициска предност за расипничката и неодговорна комуњарска власт… Левичариве од власта веќе почнаа со наративот за шивачките на кои зголемувањето на данокот за богатите ќе им донесе барем послатко кафе на паузите, што е тешко да се опонира од позиција на газдата на шивалната.

Заев вели: „Ова беше наше предизборно ветување, мораме да го спроведеме!“… Прво ветување беше она, за грижа за средната класа, која сега ќе треба да го финансира новиот распоред на приоритетите на власта.

Впечаток е дека тешко ќе оди даночнава реформа, бидејќи не може да се види некој особен ентузијазам кај власта со кој се најавува или се има намера таа да се спроведе. Навистина, за промена, убаво е да се порасправаме за народните пари, наместо за душевните народни болки.

Но, власта треба допрва да докаже дека со таквата реформа ќе може и душата да ни заврши во рајот и парите да ни останат во џебот. Или тоа беше нешто во врска со газот?

 


Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Share233TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ