Поранешниот премиер Никола Груевски на 6 јули во 12 часот на Економскиот факултет во Скопје ќе ја брани својата докторска дисертација. Дисертацијата на м-р Груевски е со наслов „Економските ефекти на различните видови меѓународни текови на капитал, со посебен осврт на Република Македонија“.
Веројатно слободното време (додека не оди на судење на некое обвинение на СЈО) го искористил за учење и спремање на докторатот. Среќа на 6 јули нема закажано судско рочиште и ќе може целосно да се посвети и фокусира на магистерската одбрана.
Инаку, за потсетување во 2015 година додека Груевски сè уште беше премиер, во едно телевизиско интервју истакна дека 5.800 вработувања од странски инвестиции и 7.150 вработувања од проектот „Македонија вработува“ се 19.000 нови работни места.
Да се надеваме дека во меѓувреме научил нешто повеќе од математичката операција собирање, која очигледно не му оди од рака. И дека 5.800+7.15 се вкупно 12,950.
Екс премиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски ги следи стапките на својот поранешен бодигард Дејан Митровски Урко, кој пред неколку години магистрираше „Меѓународна политика“. Груевски е добар пример на младите дека без разлика дали се води судски процес кон него или можеби во иднина ќе го осудат на затворска казна, тој сепак не се откажува од својот сон, да докторира.
Дехран Муратов