Зборувај ми “За МАКЕДОНИЈА!”
Под превезот на патриотизмот, тврдокорноста, заштитата на вековното име, националноста, заштитата на исконската и античка Македонија и што уште не, ВМРО-КРИМИНАЛНА театрално го прикрива својот огромен криминал.
Седница на Собрание чини некаде меѓу 16 и 20 илјади евра, значи во просек 18.000 евра. Со идејата да се достават 30.000 амандмани, ако се дискутира само по три минути, тоа е е 62,5 дена. Тие 63 дена се 63 седници по 18.000 евра = 11.134.000 евра. Мала пара за богата држава ко нашава. Па и нека се помалку од 30.000, на крај се сведува на равенка од која боли глава. Ама нас не боли, нив не, затоа што ќе потрошат туѓи пари.
Ако се навистина загрижени за двојазичноста, ако навистина се залагаат да се подобри од нив уништената економија, ако сакаат да се конструктивни, тогаш нека поднесат 100, 200 амандмани. Ама издржани, на кои ќе им биде посветено внимание. Вака, само се дозакопуваат во живиот песок во кој ги смести нивниот единствен и вечен вожд – Ѓаволот.
63 дена! Континуирани. Јас да сум Талат, не прекинувам седница до крај. Нека зборат бе, нека се пењават, ама да не излезат од сала. Нека паѓаат во несвсет на говорница, ама да не излезат од сала. Нема сите ние да бидеме нивни заложници. Обратно, тие ќе бидат собраниски заложници.
И да! Да не излезат од сала.
ВМРО криминалциве си работат по таа веќе добро позната агенда. Сѐ за спас на Грујо, сѐ за да не ја биде државава, сѐ, само да нема живот, па ни соживот. Тие никогаш не биле, ниту ќе бидат за нешто друго. Само деструкција, лоповлук, арамилак. Единствено што нив ги води во животот е парата. Ама, онаа украдената, мојата и твојата. Онаа која 11 години ја крадеа така дрско и безобразно, со намера да ја опустошат државата и никој после нив да не знае како да ја врати на нозе.
Соживотот. Кој соживот го бранат кога не сакаат никој освен „античките“ и „исконски“ Македонци да имаат права и слободи? Па уште се силат дека тие даваат некому нешто, односно не даваат. Името? Да им беше до името, немаше да имаат бугарски пасоши и немаше да ги силат дијаспорцине да се бламираат по светов, оние со десет долара за Македонија.
Ниту двојазичност, ниту НАТО и ЕУ им се битни. Никогаш и не им ни биле. Тие не сакаат да бидеме во овие институции, без разлика колку се функционални или не. Не сакаат, затоа што тогаш ќе треба да играме по некои правила кои не вклучуваат ВМРОвски криминал.
Народот? Ма дај, па тие ни за сопствената мајка и деца пет пари не даваат, а не па за народот. Тие патриоти кои имаат пари, патриотски си ги пратија своите деца надвор. Останатите, кои не се толку богати, си ги трујат своите со криминално загадениот воздух, со отстранувањето на белите дробови на градовите.
Така да, зборувајте ми “за МАКЕДОНИЈА!!!” ѕверој и криминалци….
Мало морген. Треба почесто за затвор ние да Ви зборуваме а вие да почнете да практикувате. Затоа што сѐ уште се чувствувате силни. Ама и тоа ќе прекине.