• Latest

И сето тоа поради технички кловнови…

February 5, 2020
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА БЛИЦ

И сето тоа поради технички кловнови…

Техничка влада што треба да спроведе избори, а всушност работи на партиски агенди и кампањи? Пратеници и пратенички групи во кои најголем дел се само за да опструираат, блокираат, кочат? Ма неее...

February 5, 2020 21:53
in БЛИЦ, ИЗБОРИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: БИЉАНА ЈОРДАНОВСКА

Класичното опструирање на Државната изборна комисија од техничките опозициски министри и дополнителни заменици министри кои секое несогласување за нивните кадровски решенија од кое, како што тврдат, ќе зависи организација на изборите, па се жалат во оваа институција, очигледно ќе ги одбележи и деновите што доаѓаат до распуштање на Собранието и распишување на изборите.

За секое вакво барање од овој вид, се очекува ДИК да се прогласува и понатаму за ненадлежна. Во меѓувреме, во низата обврски што ги наметнува едно спроведување на избори, ДИК ќе треба, очигледно, да ги насочи и своите капацитети кон решение на проблемот со нееднаквиот број на гласачи во изборните единици.

Да разјасниме, ДИК испрати известување до Министерството за правда и до претседателот на Собранието, Талат Џафери, да постапи согласно своите надлежности, за да нема отстапување по член 4, став 7, според кој, бројот на избирачите во изборните единици може да отстапува најмногу од минус 5% до плус 5% во однос на просечниот број на избирачи во изборната единица. Две едници имаат помалку од просечната дозволена бројка, а две единици имаат повеќе од 5%. Како и во претходните изборни процеси со години наназад, Министерството ја префрла топката на ДИК, барајќи да предложат решение. А ДИК на тоа одговара: Ние не сме надлежни да вршиме прекројување на изборните единици. ДИК известува, постапува и толку. За овие прашања одлучуваат Владата, пратениците и пратеничките групи.

И да се вратиме на почеток. Техничка влада што треба да спроведе избори, а всушност работи на партиски агенди и кампањи? Пратеници и пратенички групи во кои најголем дел се само за да опструираат, блокираат, кочат? Ма неее…

Само е крајно неизвесно решавањето на важни прашања за кои со години се разговара, дебатира, лаже и ништо не се прави. Само тоа. Неизвесно е дали воопшто ќе се изгласаат измените во Изборниот законик за Изборниот модел, а за законско решение за родова еднаквост (50-50%) меѓу пратениците, можеме да сонуваме. Зависи од политичката волја на партиите дали ќе одлучат да имаат родова еднаквост во своите кандидатски листи, но законски решенија, тенка работа. Да не говориме за очекувањата да ги решат изборните единици?

И ДИК ќе спроведува избори? Да се надеваме дека нема крајниот резултат да биде: немаше нерегуларности, технички се помина како што треба, законот е супер, на Избирачкиот список сите на број и живи и мртви и фантоми и клонови….

И сето тоа поради технички кловнови…

 


БЛИЦ е рубрика на ЦИВИЛ МЕДИА во која објавуваме кратки, најчесто редакциски, коментари поврзани со веста на денот во рубриките ДНЕВНИК и ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, но и за други актуелни настани во земјата и во светот.

Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ