• Latest

И за „Сенки“ Милчо Манчевски не доставил финансиски извештај, а потрошил речиси 20.000 евра за рекламирање

February 27, 2023

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

И за „Сенки“ Милчо Манчевски не доставил финансиски извештај, а потрошил речиси 20.000 евра за рекламирање

February 27, 2023 14:53
in АНАЛИЗИ, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

СОЊА ТАНЕСКА

Станав режисер само за да бидам сигурен дека некој режисер нема да ми го зезне сценариото со текот на времето, сè поважна ми e добрината на човека, а сè помалку дали е некој паметен, талентиран или успешен, вели во едно интервју македонскиот режисер Милчо Манчевски.

Долгометражните филмови му се наградени со над 40-ина високи меѓународни награди за естетски и културни достигнувања, а четирите негови долгометражни филма: „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“ му се прикажани на над 200 фестивалски проекции на сите континенти и имаат и редовна дистрибуција за кино и ТВ-мрежите на педесет земји на сите континенти, за што во 2012 година ја доби престижната титула национален уметник на Македонија која му ја додели претседателот Ѓорге Иванов, а прогласен е и амбасадор на култура во САД.

Но никој не ги оспорува неговите достигнувања и успеси. Спорни се документите кои укажуваат дека нешто не е во ред со финансиските извештаи кои во суштина би требало да се уредни, бидејќи се однесуваат на пари на граѓаните кои низ годините ги добивал од Владата, Министерството за култура и Агенцијата за филм.

Откако ЦИВИЛ Медиа објави дека сѐ уште не е затворен финансискиот извештај за „Мајки“ (поточно, дека и покрај барањата на Агенцијата за филм да се достави конечен финансиски извештај, сепак, до денес таквиот не е затворен), редакцијата дојде до документи кои покажуваат дека режисерот Манчевски и за парите кои ги добил од тогашниот Филмски фонд за филмот „Сенки“, до денеска Агенција за филм не доставил финансиски извештај за потрошените средства.

Државната комисија за спречување корупција речиси еден месец молчи на прашањата поставени од ЦИВИЛ Медиа во врска со недоставените извештаи за филмот „Мајки“.

Милчо Манчевски, регистрирал фирма како Американец

Филмскиот Фонд во мај 2009 година склучил договор за финансирање Проекти од национален интерес со „Сенка Милчо Манчевски ДООЕЛ“ за поддршка, дистрибуција и реклама на играниот филм „Сенки“ со износ од 1.197.667 денари (19.500 евра).

Во член 4 од договорот стои дека корисникот е должен да направи наративен и финансиски извештај, извештај за готовинските парични текови на проектот со спецификација за вкупните трошоци со прилог документација за потрошените средства ( фактури и договори) со рок од 15 дена по завршетокот на дистрибуција и реклама на филмот.

Овој договор е склучен на 12.05.2009 година, а истиот е заведен во Филмскиот Фонд на 27.05.2009 година, додека пак за само два дена на 29.05.2009 е направен анекс на претходниот договор парите наместо на „Сенка Милчо Манчевски“ да се префрлат на „Банана продукција“.

Не пости запис кој објаснува која е причината за ваквата промена, а исто така нема ниту финансиски извештај за што и како биле потрошени овие пари.

Она што е интересно е дека, според документите Милчо Манчевски е сопственик на „Сенка Милчо Манчевски“ но заведен е како американски државјанин, додека пак компанијата покрај приоритетната дејност филмска продукција има регистрирана дејност за надворешна трговија со прехранбени и непрехранбени производи.

200.000 долари од Владата на Груевски за промоција за „Оскар“

„Сенка“ на 4 јуни 2007 во Њујорк ја доживеал прва затворена проекција. Го изгледале тие што учествуваа во неговото создавање.

Целата монтажа на „Сенки“ беше во Њујорк, а лабораторискиот дел од работата се правеше во Минхен. Првата клапа на „Сенка“, чиј работен наслов беше „Коски“, се случи на 17 август 2006 година. Се снимаше 63 дена на локации низ Македонија. За потребите на филмот беше изграден првиот филмски град во Македонија со површина од околу 2 илјади квадрати во халите на поранешната фабрика „Хемтекс“. Изградена е и црква во селото Сарамзалино.

Меѓународната екипа беше составена од 150 члена од 15 земји, вклучувајќи и волонтери од Македонија, Франција и од Португалија.

Филмот е во копродукција на Македонија, Германија, Италија, Шпанија и Бугарија. Актерската екипа на филмот „Сенки“ брои 90 македонски актери, а 12 од нив првпат се на филмското платно.
Сценариото за „Сенка“ е пишувано речиси две години.

Во декември 2007 година филмот доби и 200 илјади долари од Владата за промоција и дистрибуција каде се бореше со 62 филма за да влезе во најтесната селекција за наградата „Оскар“ за филм од странско говорно подрачје.


Не е затворен финансискиот извештај за „Мајки“, Милчо Манчевски не доставил документи

Tags: Милчо МанчевскиСенкифинансиски извештај
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ