• Latest

Идентификувани руски војници кои обезглавија украински заробеници во близина на Роботин

June 20, 2024

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Идентификувани руски војници кои обезглавија украински заробеници во близина на Роботин

June 20, 2024 10:43
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Украинската воена разузнавачка агенција соопшти дека ги идентификувала руските војници кои минатиот месец егзекутирале украински воени затвореници во близина на Роботин во областа Запорижја.

Украинските војници биле натерани да легнат на лице, по што биле застрелани во грб, покажува видеото. Украинското воено разузнавање истакна дека овој чин претставува воено злосторство.

Ова доаѓа како уште еден доказ за руските воени злосторства извршени врз украинските затвореници, и воени и цивилни.

Сторителите се идентификувани како војници на 70-от полк од 42-та моторизирана дивизија на 58-та армија, соопшти разузнавачката агенција. Вообичаена станица на полкот е градот Шали во Чеченија.

Имињата на наводните сторители се капетан Дмитриј Нагорњи, вишиот поручник Темирлан Абуталимов, поручник Заур Беков и постариот поручник Јусуп Имагазалиев.

Разузнавачката агенција, исто така, го идентификуваше командантот на полкот во времето на егзекуцијата како потполковник Јури Абаев.

„Овие руски воени злосторници, исто така, може да бидат вмешани во убиството на уште неколку украински воени заробеници подоцна во мај 2024 година“, соопшти агенцијата, наведувајќи дека тие поседуваат преслушан радио разговор како доказ.

Почнувајќи од март 2024 година, Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина собра предистражни информации за над 128.000 жртви на воени злосторства. Обвинителите рекоа дека ги истражуваат случаите на најмалку 54 украински заробеници кои биле егзекутирани од Русија.

Генералниот обвинител Андриј Костин на 18 јуни изјави дека руските команданти дале наредба „да не се заробуваат украинските војници, туку да се убијат со нечовечка суровост“. Тој ја даде изјавата откако откри снимка од обезглавување на украински војник од руските војници.

Д. Варошлија / ЦИВИЛ Медиа

Tags: Војна во УкраинаРусија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ