• Latest

Идентитетот остана ист по две години од Преспанскиот договор

June 17, 2020

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Идентитетот остана ист по две години од Преспанскиот договор

June 17, 2020 11:19
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По последната фаза од уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција и решавањето на тридеценискиот спор со името, ЦИВИЛ на својата медиумска платорма ја објави публикацијата „Губење на идентитетот или…?“. 

Во проектот учествуваат Катерина Колозова, Мирјана Најчевска, Мирјана Малеска, Маја Ивановска, Дијана Тахири, Мерсиха Смаиловиќ, Џабир Дерала, модератор и раководител на проектот, како и уредник на публикацијата, Сашо Орданоски, Љубчо Георгиевски, Петар Богојевски, Ѕвездан Георгиевски, Синиша Станковиќ и Војо Маневски.

Една од поентите на проф. д-р Катерина Колозова е дека Договорот со Грција овозможува политичко детерминирање на идентитетот. Нејзиниот фокус е насочен кон членот 7 од Договорот кој овозможува да се користи поимот македонски на неограничен начин.

„Единственото ограничување кое според мене не е ограничување туку кристализирање на употребата е дека во национална и етничка смисла го користиме ограничено на територија на Вардарска Македонија или тоа што некогаш било Социјалистичка Република Македонија. Според мене тоа не е недостаток туку е предност затоа што на оваа територија во оваа држава, во таа југословенска федерација сме го оформиле тој национален идентитет. Тука добил дефиниција, тука добил стандарден јазик, тука добил книжевност, тука добил македонска академија на науките и уметностите… Можноста да се ограничи на историјатот на оваа територија или нација/држава на нас ни дава кристализирана идентитетска слика со која малцинствата во соседната држава ќе можат да се идентификуваат“, објасни Колозова.

Катерина Колозова

Професорката д-р Мирјана Малеска, пак, низ еден подолг историјат на спорот со Грција околу прашање за името, заклучува дека сега сме во позиција кога е отворен патот кон нормализирање на односите со Грција.

„Моментот на совпаѓање на интересите на големите сили да го обезбедат мирот и стабилноста на Балканот, во кој претходно многу инвестираа и да го осигураат нивното присуство во регионот, наспроти моќта на Русија, среќно се совпадна со стратешките интереси на нашата земја да стане членка на НАТО и ЕУ. Како што кажа нашиот стар познаник од 2001, поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон: ‘Ѕвездите се наместија за Македонија’“, изјави професорката д-р Мирјана Малеска.

Низ призма на личното доживување на сопствениот идентитет, Дијана Тахири, ЦИВИЛ, говореше за различните идентитети што низ животот ги носи и со кои се соочува секој поединец.

„Албанците имаат проблем со Албанците, Македонците со Македонците. Потоа можеме да кажеме дали имаме заеднички проблем или имаме внатрешен проблем. Во Турција ме викаат Румунка, во Египет Италијанка, а во мојата држава никако не ме викаат, дури ми викаат ‘не личиш на Албанка’. Секој со својата причина зошто не сака да ми го прифати идентитетот што сум го одбрала, и многу често со злоупотреба на изборот на мојот идентитет за пополнување на некои точки како што се потребен процент на присуство во  таа и таа соба, настан, роденден или случка“, додава Тахири.

Мерсиха Смаиловиќ, во активистички и позитивен дух, изјави надеж дека можеме да изградиме општество во кое сите ќе бидеме граѓани на Европа.

„Ако јас сакам да бирам некој идентитет, иако мојот идентитет е веќе оформен, јас сепак, бирам да имам и идентитет којшто е бесмртен. Идентитет што никој не го доведува во прашање, идентитетот на човештвото, на хуманоста, да бидеш позитивен момент во едно општество, да придонесуваш во него…“, изјави активистката Мерсиха Смаиловиќ.

Од еден сосема поинаков, современ аспект на опсервација на своевидниот дијалог меѓу традиционалните и современите идентитети, политичкиот аналитичар Сашо Орданоски зборува за односот на новите генерации и нивното доживување кон идентитетот. Тој заклучува дека новите генерации ги надминуваат етничките, националните и верските  идентитети, на сметка на креирање нови, современи идентитети.

„Денешната, особено поновата генерација, сѐ повеќе живеат најмалку два вида на идентитет. Едниот е реалниот идентитет, и тој е прилично фрегментиран, оној со кој се носат во секојдневниот живот во кој се социјално будни, во кој се во директен социјален контакт. Но, истовремено живеат и во виртуелен идентитет. Тој виртуелен идентитет им станува дури и поважен, оној што го негуваат за себе и почнуваат да веруваат дури и повеќе во него, отколку во реалните идентитети“, вели Сашо Орданоски.

Еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен претседател на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски зборува за десетгодишното градење на „античкиот“ идентитет и неговото негативно влијание на добрососедските односи на Македонија.

„Во последните десет години, во Македонија се случи една од најрадикалните промени на идентитет на еден народ во Европа, па и во светот, која ние, како сведоци во современата историја, можеме да го видиме. Одеднаш, од она што сите ние го знаевме, и беше добро утврдена норма – дека македонскиот народ е дел од словенската групи на народи, одеднаш се претворивме во антички Македонци! Во нешто посебно, во нешто ексклузивно, во нешто што нема допир со ништо во светот, и од тоа направивме една приказна, во која за жал, многумина почнаа да веруваат. А оние кои беа носители на таа идеја, сметам дека од чисто маркетиншки причини ја злоупотребуваа за победи на избори“, вели Георгиевски.

Петар Богојески, еден од иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ и основач на Институтот за одржливо управување Македонија 2.0, зборуваше за економскиот идентитет, кој во принцип треба да го надмине националниот идентитет на државата.

„Со симбиоза на општество на инклузивниот човек и општество на индивидуални вредности, ќе имаме трето општество – на инклузивни вредности. Односно, општество и вредности околу кои ние сите ќе се обединуваме како единки и кои ги носиме во себе. Идентитет базиран на вредности, а не на митови… Доколку созрееме со идентитет дека пред сѐ сме биолошко суштество наречено човек, а потоа секој се идентификува и за свои ги прифаќа вредностите кои ги истакнувале нашите постари генерации, или вредности кои ги има и во мојата Библија и во вашиот Куран, од каде што извира религиозниот идентитет, и егото ќе го наполниме со вистинско практикување на индивидуални вредности – тогаш, ние ќе успееме“, смета политичарот Петар Богојески.

За еден типичен локален идентитет на една заедница, во случајот станува збор за Општина Штип и нејзините граѓани, зборуваше Војо Манески, штипјанец, инаку долгогодишен новинар и уредник.

„Во однос на идентитетот, се наоѓаме во состојба како Евреите пред Христос. Постојано чекаме некој Месија, да ни се јави лидер на партија кој ќе ни го покаже патот, влада која ќе ни отвори работни места, Европа која ќе ни донесе куп пари, а ние нема да работиме…“, изјави новинарот Војо Маневски.

Новинарот Ѕвездан Георгиевски преку една културолошка паралела зборува за одредниците на припадноста на една индивидуа кон одреден колектив или во случајот идентитет. За Ѕ. Георгиевски, во контекст на спорот со името, културата и традицијата се далеку побитни во однос на нечија припадност означена со името.

„Идентитетските прашања ги учев преку примерот на цигарите филтер ‘Југославија’, првите филтер цигари во државата Југославија… По укинувањето на нивното производство, се појавија филтер ‘Ориентал’, со истиот визуелен интегритет, истата кутија, истата боја, истата графика и истиот квалитет или неквалитет… Јас веднаш се префрлив на ‘Ориентал’, и да бидам искрен, името не ми се допаѓаше многу, ама не ми ни пречеше променетото име“, изјави новинарот Ѕвездан Георгиевски.

Професорката Мирјана Најчевска зборува за Преспанскиот договор како правна рамка за идните односи меѓу Република Македонија и Република Грција, што отвора врата за едно ново видување на идентитетите, особени од аспект на човековите права.

„Преспанскиот договор не само што не влијае негативно врз идентитетот на Македонците во Република Македонија и не само што би можел да биде искористен за губење на овој идентитет, туку напротив, вака како што е срочен, со одредбите што се во него и она што го нуди како една правна рамка за идните односи меѓу Република Македонија и Република Грција, можеби можеме да го препознаеме како договор што отвора врата за едно ново видување на идентитетите “, рече професорката д-р Мирјана Најчевска.

„Сакам да живеам во држава со сите нишани во која нема да си ги пребројуваме крвните зрнца“, е личниот епилог од долгогодишното преиспитување на сопствениот идентитет на новинарот Синиша Станковиќ.

„Посакувам Северна Македонија да стане асли држава со сите нишани, во која сите жители, навистина ќе бидат еднакви пред својот бог и пред законот и ќе имаат еднакви права. Никогаш повеќе да не се користи она ‘некој меѓу нас не е наш…’, и сите да го споделуваат чувството на припадност, патриотизмот, идентификувањето со некоја целина, како нормални рационални луѓе, кои можат да живеат во исто маало со комшиите, а да не си ги пребројуваат крвните зрнца“, резимираше Станковиќ.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ