-Официјално, во нашата земја не постојат злосторства од омраза. Тие постојат само напишани во законот. Додека ние сведочиме за истите секојдневно, како што ги гледаме пријавени како инциденти од омраза од страна на невладините. Игнорирањето не не прави да изгледаме подобро ниту едни пред други, ниту во очите на светот. Со игнорирање, овој проблем се става под тепих. Игнорирањето мора да заврши и нашите институции мора отворено да се соочат со оваа форма на криминалитет. Ова ќе биде доказ дека Северна Македонија не само декларативно, туку и институционално решила да ги смета различностите како вредност и без страв да ја третира омразата.
Беса Арифи, 30 ноември, 2020