• Latest
Христијан Мицкоски/ Фотографија: Киро Попов

Има ли Мицкоски план Б?

September 11, 2019

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Има ли Мицкоски план Б?

СЈО е мртво? Што значи тоа? Дека и мисијата на СЈО е мртва? Да, би била бездруго мртва, ако престанат истрагите и ако се отфрлат обвиненијата. Јасно како ден. Затоа, Мицкоски мора да ја води битката во име на тие што го поставија на таа позиција. Должник им е. Затоа што, ако има правда, еден ден таа можеби ќе тропне и на неговата (енергетска) врата. Тој е лично мотивиран да нема правда, да нема СЈО, а во Јавното обвинителство да се постави некој од типот на Марко Зврлевски, на пример. Потребни им се луѓе во судството, во Врховниот суд, во Апелација, во Обвинителство, Уставен, Управен, им требаат сите луѓе што можат да ги имаат во МВР...

September 11, 2019 13:28
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Христијан Мицкоски/ Фотографија: Киро Попов

Христијан Мицкоски/ Фотографија: Киро Попов

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Се формирал парламент, се напишале закони, се избрала влада да ги спроведува, имаме претседател (конечно)… Се изградиле институции и во физичка и во правна смисла на зборот… Сѐ си имаме, a ништо немаме. Постојано на почетокот на нештата или, поточно, на дното, потонати во смрдливата кал на настаните предизвикани од корупцијата, организираниот криминал и оние што се загрозени од нашата европска иднина.

Нештата имаат свое име. Нема зошто да ги затвораме очите пред очигледното. Системот не функционира. Сите институции, сиот правен и политички поредок се заобиколуваат и сѐ се сведува на преговори меѓу партиските лидери. Ништо што е поврзано со преговорите не е предвидено со законите, нема врска со логиката, не гарантира солидно, долгорочно решение. Од друга страна, нема поинакво решение. И тоа е, всушност, трагедијата на македонската демократија која, преведена во секојдневие, не му носи ништо добро на обичниот човек во нашата земја.

Правдата што толку долго ја очекуваат луѓето е невозможна по нормален, законски, демократски пат. Парламентот, местото каде што треба да се решаваат проблемите, колку и да звучи контрадикторно, беше и остана главната пречка за нивното решение. Како и да се заврти, сѐ се сведува на тоа. Затоа, се преговара.

А кој преговара? На таа преговарачка маса, ноќта меѓу 10 и 11 септември, седат двајца, заедно со своите тимови. Ноќ, долга, предолга, а бесплодна за македонската правда. И, како и безброј пати до сега, на едната страна, за решение на проблемот преговара оној го создал проблемот. Надвор од секоја логика и морални скрупули, решение носи оној што е дел од проблемот. Колку пати и да се повторува ова, залудно е.

Зад затворени врати се решава судбината на земјата. Во меѓувреме, во медиумите се одвива вистинска војна. Без оглед на тоа колку се јасни пораките, дека правда мора да има, дека предметите на СЈО мора да опстанат и да продолжат за да има правда, дека мора да има добри законски решенија за да има владеење на правото… Ништо од тоа не е важно, бидејќи на преговарачката маса има два спротивставени концепти за тоа како се води држава. Од една страна е проевропскиот концепт, додуша, со типични македонски модификации, а од другата страна е длабокиот порив да се продолжи со уживањето во неказнивоста и во плодовите од криминалното владеење.

СЈО е мртво? Што значи тоа? Дека и мисијата на СЈО е мртва? Да, би била бездруго мртва, ако престанат истрагите и ако се отфрлат обвиненијата. Јасно како ден. Затоа, Мицкоски мора да ја води битката во име на тие што го поставија на таа позиција. Должник им е. Затоа што, ако има правда, еден ден таа можеби ќе тропне и на неговата (енергетска) врата. Тој е лично мотивиран да нема правда, да нема СЈО, а во Јавното обвинителство да се постави некој од типот на Марко Зврлевски, на пример. Потребни им се луѓе во судството, во Врховниот суд, во Апелација, во Обвинителство, Уставен, Управен, им требаат сите луѓе што можат да ги имаат во МВР…

Зоран Заев има план Б. И план А и план Б му се донесување закон за јавно обвинителство и опстанок на мисијата на СЈО, поточно предметите за криминалот на највисоките нивоа. Мицкоски (ВМРО-ДПМНЕ) нема план Б. Единствениот план му е уништување на сите шанси да завладее правото, а со тоа и оддалечување од ЕУ агендата. Наградно прашање: Кому му одговара тоа?

 

 


фото: Киро Попов/kolektif.mk

Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share129TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ