Најопасна земја за хуманитарните работници минатата година беше Сирија, каде загинаа 29 луѓе кои пружаа помош за населението, сооопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
На второ место е Судан, каде загинаа 14 лица, а Авганистан и Централноафриканската Република се на трето место, каде загинаа по 11 хуманитарни работници.
Според класификацијата на ИОМ, на четврто место се Нигерија (шестмина загинати), Кенија (четворица), Мексико (двајца), а во Сомалија, во Мали и во Мјанмар загинаа по еден хуманитарен работник минатата година.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.