„Само Талибанците во Авганистан и радикалите на ИСИС во Сирија и во Ирак уриваа споменици. Нивната деструкција, невидена за 21 век ја осуди целиот цивилизиран свет. Истото што го правеа Талибанците и ИСИС во регионите зафатени од војна, го гледаме денес во Македонија, во срцето на Европа, од страна на СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Некаде со добро, некаде со нож“, ова не е мотото на ИСИС, ова е на Ќосето. Историски гледано излегува дека ИСИС всушност се аматери во споредба со ладнокрвната ликвидација на неистомислениците.
Тоа што после стотина години од смртта на Ќосето, сè уште има граѓани кои му се поклонуваат и го сметаат за патриот и херој, наведува дека, можеби и во учебниците на некои идни генерации во Сирија, ќе пишува дека ИСИС всушност беа борци за човекови права и слободи. Денес, идните ИСИСови „херои“ ладнокрвно со ножеви (како Ќосето) убиваат жени, деца и сите што не размислуваат како нив… Можеби ќе им изградат и споменик?!
Инаку „добар“ ПР имаат овие од власта. Во ист ден го отстранија споменикот на Ќосето и со судска одлука го преквалификуваа случајот на малиот Алмир во „сообраќајна несреќа“.
Малку е тажно тоа што живееме во општество во кое се радуваме на отстранет дивоизграден споменик на убиец како Ќосето, без притоа да реагираме на промена на судска одлука, за која сите сме сведоци дека не е „сообракајна несреќа“ туку дека е ладнокрвно убиство на мало дете!
Другари, човековите права не се добиваат со засадени дрва!