• Latest

„Искрена соработка“ со Маѓар Телеком за уште корупција?

December 3, 2017

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

„Искрена соработка“ со Маѓар Телеком за уште корупција?

December 3, 2017 14:15
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во соопштението на Владата за средбата на премиерот Заев со претставниците на Дојче Телеком и Маѓар Телеком, меѓу другото, се наведува дека „Дојче Телеком е многу важен инвеститор во Република Македонија, со кого треба искрено да соработува и да се гради професионален однос“.

Пишува: Џевдет Хајредини

Точно е дека Дојче Телеком, преку својата фирма ќерка Маѓар Телеком, долги години е присутна во Република Македонија. Точно е, исто така, дека и во иднина треба искрено да се соработува и да се гради професионален однос, што е во интерес и на Република Македонија.

Меѓутоа, по повод оваа средба, јавноста во Република Македонија има право да биде информирана дали соработката и до сега била искрена, кога е општо познато дека Дојче Телеком и менаџерите на Маѓар Телеком од страна на Комисијата за хартии од вредност и Судот во Њујорк се осудени и казнети поради тоа што ги подмитувале надлежните државни и политички функционери на Република Македонија, со цел да го обезбедат монополот на својата компанија на пазарот во Македонија, со што се оштетени сите граѓани кои плаќале многу поскапи услуги на оваа компанија.

Со оглед на тоа што во минатите години правосудните институции на Македонија беа целосно заробени од извршната власт, надлежните истражни органи, ниту сакаа, ниту можеа да ги откријат подмитените функционери на државата. Причина за ова може да биде и можноста меѓу корумпираните функционери да има и такви што сѐ уште се на власт. Во тој случај, не треба да очекуваме дека ќе имаме резултат и по имплементацијата на реформите во правосудството, според препораките на Рајнхард Прибе.

Ако не е стриктна законска обврска, подмитувачите да ги идентификуваат со име и презиме подмитените, тогаш сигурно не е забрането и не е во спротивност со стандардите на деловниот морал, јавно да ги соопштат, со што, во интерес на идната „искрена соработка“, ќе ги помогнат напорите на Република Македонија во борбата против корупцијата. Сигурно никаде нема закон кој забранува да се открие злосторот. Тоа може да се случи само тогаш и таму каде злосторниците се сѐ уште на власт.

Се наметнува и прашањето дали од преголемата „искреност“ казнетите менаџери на Маѓар Телеком го држат во тајност идентитетот на македонските политичари на кои им исплатиле повеќе милиони евра за да го обезбедат монополот на пазарот.

Има сериозни индикации дека и актуелната влада сака да остане неоткриена оваа скандалозна коруптивна афера и предметот да застари. Причините за ова може само да се претпостават.

Господата менаџери на Дојче Телеком и на Маѓар Телеком, до колку средбите со премиерот не ја искористиле да му ги кажат имињата на лицата на кои им давале мито и ако тоа самиот премиер од нив не го бара, тогаш со право можеме да се сомневаме  во„искрената соработка“ и во иднина. Исто така, за јавноста останува нејасно зошто истражните органи на државата претставниците на Маѓар Телеком не ги замолат да сведочат за тоа, на кои функционери им давале мито, исто како судот во Њујорк, во врска со оваа афера, повика како сведоци граѓани од Македонија.

Од оваа средба произлегува заклучокот дека ако оваа компанија не помогне да се откријат носителите на оваа афера, не може да стане збор за „искрена соработка“.

И ненормално високите плати и други привилегии што им се даваат на домашните членови на управниот одбор на Телеком, кои се регрутираат од кадровските листи на партиите на власт, не се одраз на нивните стручни способности и психофизичките напори, туку многу повеќе ова личи на коруптивна практика.

Должноста на владите на земјите домаќини, не е само да обезбедат што поповолни услови за странските инвеститори, туку и да ги спречат нивните коруптивни практики што одат на штета на сите граѓани во држацата.

Слични се примерите и на кинеската компанија „Синехидро“ и грчката „Актор“, ангажирани на изградбата на автопатиштата. Таков беше примерот и со друга кинеска компанија која ја изгради ЕЦ „Козјак“.

На крајот, на граѓаните на Македонија треба да им е сосема јасно: Сите пари што политичарите ги примаат како мито, странските компании ги наплатуваат од сите нас, се подразбира, преку „искрена соработка“.

Владата и премиерот треба на странските инвеститори да им пружат целосна поддршка, но не и на нивните коруптивни однесувања, слични со „поддршката“ на Груевски кога го слушаме како го предупредува Јанакиески „да не е многу“ провизијата од 30 милиони евра што кинеската компанија му ја дава при потпишувањето на договорите за изградба на автопатиштата. Овие 30 милиони, сепак, подоцна ќе ги плаќаме сите ние, додека истиот Груевски и во иднина ќе продолжи со поддршка на тврдокорните оперски пејачи, глумци, режисери и универзитетски професорки, да ја брани Македонија од Тиранската платформа на припадниците на „дивото племе“.

 


Насловот е редакциски.

Tags: Дојче ТелекомЗоран ЗаевКорупцијаМаѓар ТелекомНикола Груевски
Share41TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ