• Latest

Истражна комисија на ОН ќе бара докази за сексуално насилство од припадници на Хамас врз заложниците

November 30, 2023

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Истражна комисија на ОН ќе бара докази за сексуално насилство од припадници на Хамас врз заложниците

November 30, 2023 18:55
in ВЕСТИ, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата на ОН што ги истражува воените злосторства на двете страни од конфликтот меѓу Израел и Хамас ќе се фокусира на сексуалната злоупотреба од страна на Хамас за време на нападот на 7 октомври и е на пат да објави повик за собирање докази, изјави нејзината претседателка Нави Пилај, пренесоа британските медиуми.

Таа посочи дека ќе ги предаде доказите на Меѓународниот кривичен суд и ја повика институцијата да размисли за гонење поради претходните критики од Израел и семејствата на израелските заложници дека ОН молчат, пренесува МИА.

-Сега сум претседател на комитет што има овластување да го истражи ова прашање. Така што нема шанси да не го сториме тоа, рече Пилај, која ја предводи тричлената комисија за истрага на прекршувањата извршени во Израел и окупирани палестински територии.

Таа кажа дека некои луѓе веќе се подготвени да сведочат и дека доказите ќе им бидат предадени на обвинителите.

Главен предизвик за Пилај е несоработката на Израел со комисијата, за која, таа вели, има антиизраелска пристрасност. На Комисијата може да и биде тешко да собере доволно докази за да ги поддржи идните обвиненија доколку не и се дозволи пристап.

Движењето Хамас, според британските медиуми, негира дека извршило вакви прекршувања и досега не е достапно за коментар.

Дипломатската мисија на Израел во Женева во четвртокот соопшти дека комисијата има „пристрасен однос кон Израел“.

„Од формирањето на Истражната комисија во 2021 година, Израел јасно стави до знаење: нема да соработува со ова дискриминаторско тело и неговите комесари“, сооопшти постојаната мисија на Израел во Обединетите нации во Женева, пренесена од британските медиуми.

„Израелските жртви никогаш нема да ја добијат правдата од оваа истражна комисија“, додаваат оттаму.

Израелските власти веќе отворија сопствена истрага за сексуална злоупотреба за време на најсмртоносниот напад врз Израел во неговата историја, вклучително и силување, откако се појавија докази за сексуални злосторства, соголувања и касапење.

Истражната комисија на ОН, формирана во 2021 година од страна на Советот за човекови права во Женева и составена од тројца независни експерти, има невообичаено широк мандат да собира докази и да ги идентификува сторителите на меѓународните злосторства.

-Таа има намера да објави јавен „повик за докази“ за акциите на Хамас, рече Пилај, која е поранешна претставничка на ОН за човекови права и судија во Меѓународниот кривичен суд.

Tags: жртвиОНХамас
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ