Постои конкретен и реален ризик од џихадистички напади во Италија, се наведува во годишниот извештај на италијанските разузнавачки служби.
„Италија е изложена на непријателска пропаганда од терористичката група т.н. „Исламска држава“, а радикализирани поединци и натаму има на територијата на државата“, се вели во извештајот.
Радикализираните поединци кои зборуваат италијански јазик во извештајот се нарекуваат „исламонаути“.
Разузнавачите повикуваат Италија да обрне внимание на прикриените кампањи кои се обидуваат да влијаат на парламентарните избори закажани за 4 март.
„Постои растечка закана, а може да дојде и до кибер-напади со цел да се влијае на одлуката на граѓаните (на изборите)“, се истакнува во извештајот на италијанските разузнавачки служби.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.