• Latest

Иванов бара ЕУ и НАТО да ја отфрлат и осудат Платформата!

March 7, 2017

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Иванов бара ЕУ и НАТО да ја отфрлат и осудат Платформата!

March 7, 2017 16:23
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Сметам дека осудата и отфрлањето на овој документ (Платформата на албанските партии) е единствен начин за излез од безизлезната состојба во која се наоѓаме. Само на тој начин, ќе ги постигнеме целите на Договорот од Пржино, пред сè итните реформски приоритети, политичката стабилизација, намалувањето на меѓупартиските и меѓуетничките тензии во Република Македонија и враќање на државата на патот кон европските и евроатлантските интеграции“, се вели во писмото на претседателот Ѓорге Иванов до меѓународната заедница. 

„Во тој контекст, барам со внимание да ја разгледате вистинската реалност со која сме соочени и да се заложите оваа штетна платформа да биде јавно отфрлена и осудена од страна на Европската унија и НАТО и нивните земји членки. Понатаму, очекувам да го осудите флагрантното мешање во внатрешните работи на Република Македонија од два нејзини соседа – аспиранти за полноправно членство во Унијата. Конечно, очекувам да испратите силна порака до нашиот геополитчки ранлив регион за неповредливост на границите на Балканот и да ја реафирмирате европската и евроатлантската перспектива на земјите од регионот“, е наведено во писмото со кое Иванов се обрати до членовите на Европскиот совет, до претседателот на Европскиот совет, г. Доналд Туск, до Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и до двата стратегиски партнера на Република Македонија, претседателот на САД, Доналд Трамп и претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

„За сите овие нешта лично ги информирав комесарот г. Хан и високиот претставник, г-ѓа Могерини. Од нив побарав јавно и јасно да ја осудат и да ја отфрлат Платформата, како чин на мешање во внатрешните работи на суверена држава и како документ што дополнително нè дестабилизира и изложува на внатрешнополитички, меѓуетнички и можни геополитички влијанија. Ќе повторам дека овој документ кој е ултимативен и уценувачки, го суспендира и Договорот од Пржино во кој ЕУ го вложи сиот свој надворешнополитички кредибилитет. Отсуството на јавна осуда на Платформата од Тирана од меѓународната заедница, само ќе охрабри слични обиди во нашиот, но и во други региони во Европа со сложена етничка, религиска и јазична реалност“, стои во писмото на Иванов, во кое се обидува да ја образложи одлуката да не го додели мандатот за формирање на влада, на оној кој успеа да обезбеди парламентарно мнозинство.

Во писмото Иванов се осврнува на политичката криза, на парламентарните избори и и на албанската Платформа.

„Најискрено, се надевам дека ќе наидам на Вашето разбирање. Во прилог Ви доставувам копија од горенаведената Платформа, како и изјави на официјални претставници и институции на Република Албанија и Република Косово. Како претседател на Република Македонија, земја долгогодишен кандидат за членство во Европската унија и НАТО, очекувам да се ангажирате и да ни помогнете, бидејќи иднината и перспективата на моите сограѓани се пред мошне сериозен предизвик“, е барањето до меѓународната заедница кое денеска во форма на официјално писмо го достави Иванов.

Tags: Албанска платформаЃорге Ивановизборимеѓународна заедницаписмополитичка криза
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ