• Latest

Иванов и Костовски со оценка за медиумите, пропагандата и политичките случувања

January 16, 2023
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

Иванов и Костовски со оценка за медиумите, пропагандата и политичките случувања

January 16, 2023 14:45
in МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

И по триесет години независнот, и во 2022 година се уште се зборува за предавници и патриоти. Но, никој не ја предал државата, а никој не ни станал голем патриот како на пример Гоце Делчев или Александар Македонски. Несфатливо е како политичките партии не можат да седнат на маса и да се договорат за елементарни и круциални прашања, за да функционира системот, рече новинарот и аналитичар Зоран Иванов на мултимедијалниот јавен настан на ЦИВИЛ „Перспективи 2023“.

„Не се демонтира партизацијата и непотизмот, продолжија аферите за корупција итн. Извештаите на Европската комисија го покажуваат тоа. Политичарите треба да седнат и да се договорат барем за 2-3 реформи, како што се реформи во здравството, во образованието, итн.

Поразително е тоа што тлее недовербата во политичките субјекти кои треба да ги градат институциите, да ги департизираат и конечно професионалците да дојдат на вистинските места.

Министрите треба да се симнат од екраните и да говорат за генералната политика. Нема демократија во политичките партии, а без демократија во политичките партии нема демократија во општеството, во државата“, вели Иванов.

Иванов додаде дека на внатрешен план, за жал, политичката култура остана на маргините како кочница за македонските реформи и ЕУ интеграции.

„Во 2023 да се надеваме на кооперативен меѓупартиски дијалог, на разум на опозицијата да не се однесува како „одрон” на ЕУ патот и конечно Македонија и официјално да ги почне ЕУ преговорите“, истакна Иванов.

Новинарот и аналитичар Љубомир Костовски вели дека опозицијата секојдневно пласира некаква хистерија, дека сè е лошо во државата. Позитивните работи што се случуваат во државата не може да дојдат до израз поради тоа што медиумите шират негативна мисла и пропаганда.

„Позитивните работи како што се операција за транплантација на срце не беа доволно медиумски покриени, или признавањето на македонската православна црква (МПЦ) беше ставено на маргините“, вели тој.

Костовски потенцира дека медиумите треба да дадат повеќе простор на позитивните работи што се случуваат во државата.

Дехран Муратов

Фотографија, камера и видео монтажа: Ариан Мехмети и Александар Ризински

Перспективи 2023 се состоеше од шест панели со повеќе од десет учесници кои се емитуваа во живо на Јутуб видео каналот и на ФБ страницата на Цивил.


Извор: CivilMedia | Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ