„Гласањето е само чин на претпоставка. За подобар живот, за напредок, за демократија, за слобода, за наш избор. Изборот треба да го направиме. Чинот на гласање е наш избор“, вели новинарот Зоран Иванов.
Иванов во интервју за Иницијативата на ЦИВИЛ „Во тебе е моќта. Гласај!“, ја истакнува демократската вредност на гласањето: Тоа е слобода, тоа е демократија, тоа е наш избор, тоа е наша шанса за перспектива.
„Излези, гласај. Не го чувајте својот глас дома, не го чувајте во фиока. Излезете, ставете го во гласачката кутија. Тоа е перспективата ваша и на вашите деца“, порачува Иванов.
Придружете му се на Иванов и направете го вашиот план за гласање: https://actionnetwork.org/forms/glasaj
Инцијативата можете да ја следите на медиумската платформа на ЦИВИЛ и на социјалните мрежи:
X
Facebook
Instgram
TikTok
Youtube
X
Instgram
TikTok
Youtube
За сè што сакате да знаете за изборите, ЦИВИЛ ја лансираше веб страницата ГЛАСАЈ.