• Latest

Иванова: Почитувањето на различностите е единствениот пат кон општество со вистински културни вредности

July 23, 2021

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Иванова: Почитувањето на различностите е единствениот пат кон општество со вистински културни вредности

July 23, 2021 15:30
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Мултиталентираната пијанистка, професорка и спортистка Дуња Иванова, во видео порака  за Иницијативата „Направи разлика, почитувај ги различностите“ зборува  како таа ги доживува различностите, преку сетилата, музиката и филозофијата.

„Реалноста е сепак дека сè уште меѓу мојата генерација, но и меѓу помладите постои националшовинистички амбиент, кој одвреме-навреме доаѓа до израз и не гледам зошто токму тие разлики во однос на етничката или верската и национална припадност и мноштвото култури што виреат во нашето општество треба да бидат проклетство, кога може на нив да се гледа како на егзотика. Една потреба, еден порив да се истражува во нов неоткриен свет, кој само ќе придонесе за живописноста на животот што тука го делиме сите меѓусебно.

Токму музиката, на пример, или филозофијата и на крајот и спортот е најдобар пример и најсилното оружје во борбата за почитување на тие различности, затоа што токму, на пример, во музичките дела или делата на филозофијата се содржани сите мудрости на светот каде што не постои никаков простор за правење на некакви граници, а особено не граници што се темелат врз верата или врз етничката припадност на една индивидуа.“

Дуња Иванова на сетот од Иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика, почитувај ги различностите“ 7 мај, 2021

-Неодамна, пред неколку дена, околу четири-пет часот изутрина, ме разбуди мелодијата на оџата, кој веројатно го најавуваше големиот пост пред големиот муслимански празник, за неколку часа подоцна да ја слушнам камбаната, бидејќи живеам непосредно до Соборниот храм. Честопати тука циркулирам во центарот на градот, каде што сите сме сведоци на еден совршен ритам од младите Роми, во чија музика се слуша и нивната мака. Сите тие сегменти се дел од нашиот живот. А доколку недостасува само еден од нив, тоа не би бил нашиот дом, тоа би било некое друго место. Сите тие луѓе, како што нè создала природата, на ист начин од крв и месо, чувствуваат на ист начин болка или љубат на истиот начин, така што сметам дека треба да се почитуваме, колку и да сме различни и навистина тоа треба да нѐ привлекува еден кон друг наместо да шириме омраза. Затоа што веројатно омразата е полесниот начин, она да се направи промена е нешто што бара време и труд, и на крајот на краиштата, сите имаат лично достоинство и сопствени цивилизациски вредности што нѐ прават посебни и единствени, вели Иванова.

„Комуницирам со голем број мои пријатели, особено од областа на музиката, Албанци, Турци, Бошњаци, со кои редовно и музицираме на домашната сцена, но и надвор од неа. Навистина тие разлики во воспитувањето, во негувањето на некои лични вредности ни помагаат нашето ново дело, музиката што ја создаваме во тој момент, да биде навистина поживописно и на полесен начин да го приближиме до публиката. Значи, ние можеби зборуваме на различни јазици и негуваме различни вредности, но во моментот кога создаваме уметност, тоа е нашата најголема придобивка, токму тие разлики.

Пораките што ќе се испратат, особено до помладите генерации, веројатно еднаш засекогаш ќе ги отворат очите и на повозрасните, дека ова општество заслужува вистински вредности, конечно да пркнеме надвор од тие ровови и конечно да се упатиме кон Европа, затоа што сметам дека да се направи разлика и да се почитуваат различностите е единствениот модус овие нови деца, овие млади генерации, да создадат поквалитетно општество со кое ќе се гордеат и нивните родители, но и нивните деца.

Направете разлика и почитувајте ги различностите затоа што тоа е единствениот пат кон општество со вистински културни вредности. Направете разлика и почитувајте ги различностите, конечно да се издигнеме над примитивното и за нас и за нашите деца да обезбедиме поубав и посреќен живот.“, порачува Иванова.

Дуња Иванова е македонска пијанистка, професорка, доктор по филозофски науки и од неодамна државна првенка во планински велосипедизам. Родена е 1985 година во Скопје. Во 2010 година магистрира на вокално-инструменталниот оддел на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата по пијано, а во 2015 година докторира на катедрата за естетика на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Предава пијано во средното и во нижото музичко училиште во Скопје, настапува под отворено небо на плоштадот „Македонија“, во Градскиот парк и на неолитскиот локалитет Врбјанска чука во Пелагонија.

Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ