• Latest

Ивановски, „Пакомак“: Законите за управување со отпад се добри, но треба да се применуваат и почитуваат

May 25, 2023

Пустата желба на Москва и нејзините сателити за заминување на Зеленски од функцијата

August 10, 2025
фото: принтскрин Жаре Стеваноски

МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

August 10, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Активни четири пожари

August 10, 2025
Фото: принтскрин ТВ 21

Убиство во Тетово

August 10, 2025
Фото: Скриншот Х

Советот за безбедност на ОН свика итна седница поради планот на Израел за окупирање на Газа

August 10, 2025
МАТУРА Во нормалните општество ова е вистинскиот испит на зрелоста

На 12 и 14 август полагање на екстерните испити од државната матура во августовската сесија

August 10, 2025

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува полицијата за партиски цели во Демир Хисар за заплашување пред избори

August 10, 2025

ВЛЕН: Единствената „победа“ за Османи беше приемот на рускиот министер Лавров на самитот на ОБСЕ во Скопје

August 10, 2025

Крвта на невините, фантазијата за Нобелова награда и сцената за легитимирање на злосторникот од Кремљ

August 10, 2025

Илјадници Израелци во Тел Авив повикаа да се стави крај на војната во Газа и да се ослободат заложниците

August 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Ивановски, „Пакомак“: Законите за управување со отпад се добри, но треба да се применуваат и почитуваат

„Циркуларната економија во смисла на материјалните текови кои се во индустриите е единствено можна ако секоја година трошиме помалку природни ресурси од претходната и ако популацијата на планетава остане константа“, вели директорот на „Пакомак“ Филип Ивановски.

May 25, 2023 13:00
in ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНИ, ИНТЕРВЈУ, ТЕХНОЛОГИИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Штедење енергија, заштита на природните ресурси, а преку трансформација на отпадот со вредност се намалуваат депониите како потенцијална еколошка бомба, кој со горење го загадува воздухот, почвата и водите. Ова се најголемите придобивки од рециклирањето на отпадот. За тоа се залага и компанијата „Пакомак“ веќе долги години, која е прв и најголем постапувач со отпад во земјава. Во меѓувреме се појавија и други компании за отпад од пакување за електронски отпад и батерии, а во фокусот на „Пакомак“ е циркуларната економија, како концепт на селектирање, рециклирање и реупотреба на отпадот.

„Циркуларната економија во смисла на материјалните текови кои се во индустриите е единствено можна ако секоја година трошиме помалку природни ресурси од претходната и ако популацијата на планетава остане константа“, вели директорот на „Пакомак“ Филип Ивановски.

Според него и двете работи се тешко одржливи варијабли.

„Но, можеме да користиме помалку амбалажа и повеќе да рециклираме и реупотребиме од тоа што е веќе употребено. Циркуларната економија е филозофија и начин на живеење, а не само математичко-економска операција. Менувањето на навиките е главен предизвик со кој и ние во „Пакомак“ се соочуваме. Тоа е бавен процес, но не радува што веќе постои како процес и што ние сме биле еден од катализаторите на таа позитивна општествена промена. Институциите треба да ја канализираат и дадат правна форма на овие процеси, како и да бидат први имплементатори на истите“, појаснува тој.

Ивановски вели дека ако се споредат искуствата пополека се зголемува свесноста на компаниите во однос на рециклирањето, за споредба во 2011 година на почетоците се собирало по околу 6 тони отпад, за разлика од денешните 30 тони.

„Се поголем број компании пријавуваат и плаќаат за собирањето на отпадот и сфаќаат дека мора да се грижат за отпадот кои го создаваат од своите производи. РЕциклирањето не е најзначајната работа во циркуларната работа, туку да се намали, па така многу фирми кои имаа потешка амбалажа гледаат да ги намалат. На пример ако порано беше нормално 40 грамско пакување за вода или сокови, сега има амбалажа која полни вода од еден ипол литат во 22 грамски шишиња, но секако пополека сфаќаат дека мора да произведуваат амбалажа која треба да се рециклира бидејќи сеуште има компании кои користат амбалажа која не се рециклира“, појаснува Ивановски.

Во однос на законската регулатива тој вели дека нашето законодавство е добро, но проблем е неговата примена и нивно почитување, поточно законите да важат за сите.

„Заедно со Стопанските комори се обидуваме да ги најдеме компаниите кои пуштаат отпад при процесот на своето производство, а не се влезени во системот, ниту плаќаат, ниту соодветно го складираат, а уште помалку рециклираат. Тука ни е потребна институционална подршка, пред се инспекциските служби бидејќи тука таков е менталитетот, додека не влезе инспекција повеќето компании најчесто велат дека не биле информирани за одредени закони“, вели тој.

Според Ивановски потребни се финансиски средства за поголеми реформи, бидејќи во моментот само до компаниите регистрирани во системот на трите постоечки компании кои се грижат за отпадот кој го создаваат се собираат околку 2 милиони евра годишно, што поделено поглава на жител е околу 2 евра, додека на пример во Бугарија се собираат 6 евра, во Германија 12 евра, во Грција 8 евра.

Законите за управување со отпад се добри, треба да се применуваат и почитуваат

1 of 10
- +

Ивановски вели дека со текот на времето треба да се зголемува и инфраструктурата за граѓаните да можат правилно да го селектираат отпадот, бидејќи нема доволно инфраструктура колку што треба. Компанијата се стреми да постигне норматив од 3 контејнери за хартија, пластика и стакло на 1 000 жители. Тоа значи дека во Македонија треба да има 5 000 контејнери само за селекција на отпад.

Истражувањата на „Пакомак“ од аспект на навиките, покажуваат дека ако пред 6 години граѓаните кажувале дека секогаш или често го селектираат отпадот, сега доаѓа дека околу 45% дека секогаш често го селектираат дома. Во бројки, тоа е показател за позитивен тренд во навиките на граѓаните. Се помалку граѓани, пак, одговараат дека никогаш не го селектираат отпадот од пакување.

„Сепак треба да се работи и на јавната свест на граѓаните бидејќи многу често иако имаат соодветни контејнери за одложување на отпадот тие ги користат за отпад од домаќинствата, така што во контејнери за пластика ќе најдете остатоци од храна. Токму затоа убаво е да им се даде мотивација и стимулација, па така почнавме и со процесот на инсталирање на повратни вендинг машини за пластика, во моментот на 25 локации во Скопје, а до крајот на годината ќе го прошириме за уште 30 машини кои собираат пластика и лименка и тоа е чист материјал бидеќи не се меша со другото ѓубре, а во замена се собираат поени преку апликација со кои подоцна може да се пазари во одредени маркети“, вели Ивановски.

„Пакомак“ е првата македонска компанија што во Република Северна Македонија го воведува светскиот тренд во селектирањето – повратни вендинг машини за собирање пластични шишиња и лименки, основана во 2010 година од 11 компании, генерално производители на пијалаци, но и две фабрики за масло и е една од вкупно три компании во земјава, т.н. колективни постапувачи, чија улога е да го собираат отпадот од пластика, хартија и стакло кој го произведуваат компаниите. Тие исто така собираат и лименки, метален отпад, но и тетрапак пакувања, но и дрво. Во моментов, околу 580 компании на сите пет компании им плаќаат однапред утврдена сума по килограм за собирање, селектирање и рециклирање на отпадот кој инаку би завршил на депонија.

Соња Танеска

видео и монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Биљана Јордановска


Видео прилогот е дел од големата регионална иницијатива за одбележување на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан (22-26 мај 2023) под мотото „Партнерство за циркуларност“ што го спроведува регионалната мрежа ЛогЕкс, каде ЦИВИЛ е членка, на иницијатива на угледната тинк-тенк организација Балкан Форум од Косово, а со поддршка од Rockefeller Brothers Fund од САД. | Извор: GREEN Civil
Print Friendly, PDF & Email
Tags: ПакомакрециклирањеФилип Ивановскициркуларна економија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ