• Latest

Избирачкиот список на увид за граѓаните, расте бројот на новозаболени со КОВИД-19, приближување кон надворешната и безбедносна политика на ЕУ

August 11, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Избирачкиот список на увид за граѓаните, расте бројот на новозаболени со КОВИД-19, приближување кон надворешната и безбедносна политика на ЕУ

August 11, 2021 17:34
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ Избирачкиот список на увид за граѓаните

Граѓаните со право на глас кои сакаат да се изјаснат на локалните избори закажани за 17 октомври, своите податоци во Избирачкиот список ќе можат да ги проверат уште сега преку веб-страната на Државната изборна комисија (ДИК) – www.sec.mk или на https://izbirackispisok.gov.mk/.

Официјално, јавниот увид на Избирачкиот список за изборите ќе започне на 21 август и ќе трае до 9 септември. Тогаш ДИК на увид ќе ја стави новата состојба на податоци на Избирачкиот список, што ќе се користи на денот на изборите.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Османи: За неполна година 100 придружувања кон заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на прес конференција

“Практично од вчера, со последното придружување, Република Северна Македонија испорача 100 придружувања кон Заедничката Надворешна и Безбедносна Политика на ЕУ за неполна година, или поточно, од септември минатата година откако јас ја презедов одговорноста да ја предводам дипломатијата. Со тоа, стапката на придружување во посочениот период порасна на над 95% што е покачување од три процентни поени споредно со последниот извештај на Европската комисија кога изнесуваше 92%. Моја интенција е наскоро овој процент да достигне 100% како израз на нашата јасна надворешно политичка ориентација кон европските и евроатлантските структури”, изјави Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска на прес конференција.

ФЛЕШ ВЕСТИ

КОВИД -19 Втор ден по ред дневните ковид-статистики покажуваат повеќе од 500 нови случаи со КОВИД-19. Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 5.780 тестирање, регистрирани се 588 нови случаи и 8 починати.

ПОЖАРИ Денеска до 15 часот има три активни пожари на територијата на државата. Пожарот кај селата Раовиќ – Буковиќ во Сарај, каде што гори неколку дена, и е префрлен и на дел од ловиштето Јасен. Со намален интензитет е пожарот кај селото Дивље во Петровец – местото Крушје, а гори и кај селото Топлица, информираше помошник раководителката на секторот за операции и координација при ЦУК, Марија Милкова.

ПОЛИЦАЈЦИ Во текот на изминатото деноноќие, во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР беа ангажирани околу 650 полициски службеници, меѓу кои и припадници на сите специјални единици на полицијата, реализирани се 221 мото-патроли и користени 163 возила, соопшти Министерството за внатрешни работи,

ОБРАЗОВАНИЕ На дваесетина дена пред новата учебна година, Министерството за образование и наука соопшти дека наставата ќе почне во редовниот термин, 1 септември, и дека се интензивни подготовките за стартот во услови на пандемија преку пристап со кој ќе се обезбеди непречено одвивање на наставата, но и заштита на јавното здравје.

ПОЧИТУВАЊЕ ПРЕПОРАКИ Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби изјави дека е откажан големиот концерт по повод прославата на 20 години од Охридскиот рамковен договор.

ЗЕЛЕНИ Со изградба на мали хидроцентрали затрупана Маркова Река, да се одземе концесијата и да се поправи состојбата, алармираат од ЕКО СВЕСТ.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Треба да се има разбирачка за маката на угостителите. Нивниот сектор, поради пандемијата со вирусот КОВИД-19, беше и е навистина еден од најпогодените. Штетите се големи, а во некои случаи и ненадоместливи, завршувајќи со затворање на бизниси и невработени луѓе“, пишува Петрит Сарачини во неговата редовна рубрика Midnight Express, под наслов „Разбирачка за угостителите – да, но повеќекратно поголема разбирачка од онаа за сите други граѓани и здравјето – не!“.

„Проблематичниот статус на Балканoт се состои во неговото заедничко византиско и османлиско наследство. Toa го отвора и прашањето колку се меѓусебно компатибилни „културните идентитети“ на наследниците на османлиската држава со европскиот идентитет. Тие поставуваат и прашање, не само каква е перцепцијата за Балканот на Запад, туку и каква перцепција за Западот имаат луѓето кои живеат на Балкан. Со отворено прашање: Постои ли балкански идентитет?“, пишува Александар Николиќ Писарев во првиот дел од анализата „Отворен Балкан: На прав пат или во слепа улица (1)“.

„Рамковниот договор и дваесетгодишните макотрпни политички напори да заживеат новите уставни дефиниции, е таа победа на политичката кооперативност врз конфликтната исклучивост… Политичките субјекти не умееја да ги согледаат и да ги разберат, тогаш тивките, но силни политички и емотивни пораки на своите сограѓани, припадници на другите етнички заедници… Таа речиси полугодишна криза исполнета со стравови, конфликти, жртви и разурнувања, се поука што треба да се памети… Ова дводецениско јубилејно време за Рамковниот, може да е вистинското и за еден доблесен цивилизациски чин. За еден Вилибрантовски гест“, пишува Зоран Иванов во анализата посветена на Охридскиот рамковен договор, под наслов „Десет години пред него – дваесет години по него“.

Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ