• Latest

Избирачкиот список повторно на јавен увид за граѓаните

May 12, 2017
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Избирачкиот список повторно на јавен увид за граѓаните

May 12, 2017 09:56
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија излезе со јавен повик за проверка на податоците во Избирачкиот список, за сите полнолетни гласачи, заклучно со 1 февруари 2017.

Јавен увид граѓаните можат да извршат на веб-страницата на ДИК или во подрачните одделенија и канцеларии, каде можат, по проверката, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците од Избирачкиот список.

Имено, ДИК по предвремените парламентарни избри во 2016, освен со Финансиските извештаи за приходи и расходи на политичките партии во период од 21 ноември до 11 декември 2016 и Извештајот за спроведените предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија одржани на 11 декември 2016, имаше обврска за ажурирање на Избирачкиот список.

Со јавниот повик на 8 мај, по пет месеци недостапност за јавен увид, граѓаните повторно се соочени со можноста да не се пронајдат на Избирачкиот список и да поминуваат низ истата голгота за остварување на своето гласачко право.

ЦИВИЛ – Центар за слобода во своите извештаи и препораки од мониторингот на изборниот процес, постојано предупредуваа на последиците на непрочистениот Избирачки список, а непосредно пред изборите, поднесе преку 100 пријави на граѓани со одземено право на глас, за што, ниту граѓаните, ниту ЦИВИЛ, добија повратна информација од ДИК.

Оваа одлука на ДИК доаѓа во време кога треба да се одлучи за мандатите на градоначаниците, во политичка ситуација во која не се знае до когаќе бидат одложени локалните избори, а се поставува прашањето и дали за кратко време, ДИК, во истиот состав, ќе успеe во напорите за создавање услови за слободни и демократски локални избори.

Биљана Јордановска

Tags: гласачиДИКизбирачки списокјавен увидлокални избориЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ