• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Договорот помеѓу Албанија и Грција за Јонското море повторно на маса; Пензискиот договор со Италија ги гарантира правата на околу 500 илјади албански граѓани; Не успеа ниту 25-от обид з конституирање на косовското собрание

June 2, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025

Од бугарски ‘куфери со пари’ до УСБ стик – нови лаги на ВМРО-ДПМНЕ за Заев

October 7, 2025

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет (9 октомври, ден 2, целосна програма)

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Partizán

Полска и Литванија го отфрлаат тврдењето на Меркел дека ја поткопале политиката на ЕУ кон Русија, го критикуваат нејзиното зближување со Путин

October 7, 2025
Фото: ССМ

ССМ: Нема достоинствена работа без достоинствени плати

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Договорот помеѓу Албанија и Грција за Јонското море повторно на маса; Пензискиот договор со Италија ги гарантира правата на околу 500 илјади албански граѓани; Не успеа ниту 25-от обид з конституирање на косовското собрание

June 2, 2025 13:49
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Албанскиот министер за Европски прашања и надворешни работи, Игли Хасани, не ја исклучува можноста Хаг да ја дефинира ексклузивната економска зона меѓу Грција и Албанија, кога станува збор и за Јонското море, пренесуваат албанските медиуми.

Конституирањето на косовскиот парламент не успеа ни по 25- пат, бидејќи пратениците по 17-ти пат по ред одбија да формираат комисија која ќе го надгледува тајното гласање за новиот шеф на законодавното тело, јавуваат косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Клан: Договорот за Јонското Море е повторно на маса

Пред неговата посета на Атина во вторник, министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, не ја исклучува можноста Хаг да ја дефинира ексклузивната економска зона меѓу Грција и Албанија.

„Албанската влада останува отворена и целосно посветена на промовирање на дијалогот за сите отворени билатерални прашања. Учествуваме во овие дискусии во дух на меѓусебно почитување, со цел да постигнеме праведни и одржливи решенија што го одразуваат нашиот заеднички интерес за добрососедски односи и регионална стабилност“, пренесе Клан.

Факс веб: Спроведувањето на пензискиот договор со Италија ги гарантира правата на околу 500 илјади албански граѓани

Спроведувањето на пензискиот договор меѓу Албанија и Италија започна денеска ( 1 јуни), со што се гарантираат пензиски права за околу половина милион Албанци и 4.000 Италијанци.

Спогодбата, која беше потпишана во Рим на 6 февруари 2024 година, беше финализирана со соодветниот документ што му беше доставен на премиерот Рама кон средината на мај од неговата италијанска колешка, Џорџија Мелони, за време на нејзината посета на Тирана за самитот на Европската политичка заедница.

Оваа спогодба гарантира низа можности за оние кои работеле во двете земји. Дел од нив се оние кои, поради неисполнување на минималните услови за пензија, досега беа исклучени од нејзината исплата. Ова ќе овозможи бенефиции за околу 20% од лицата над 67 години, кои досега не биле лекувани со пензија, со можност за добивање до 400 евра месечно.

Корисниците ќе имаат можност да добиваат пензии од Албанија и Италија во зависност од годините на работа што ги имаат завршено во секоја земја. Договорот ги направи соодветните канцеларии да служат како двонасочни контакт точки, нудејќи услуги на италијанските и албанските граѓани без дополнителни трошоци, пренесе Факс веб.

КОСОВО

АБЦ: Не успеа ниту 25-тиот обид за конституирање на косовското собрание

По 25-ти пат по ред, косовските пратеници не успеаја во понеделник да го формираат деветтото парламентарно тело, како резултат на изборите во февруари.

Пратениците по 17-ти пат по ред одбија да формираат комисија која ќе го надгледува тајното гласање за новиот шеф на законодавното тело.

Прашањето за тајното гласање – кое беше предложено на 1 мај од страна на претседателот на седницата, Авни Дехари, откако кандидатката на Движењето Самоопределување (ЛВВ) за претседател на парламентот, Албулена Хаџиу, не успеа на неколку гласања да ги добие 61 глас потребен за да биде потврдена на функцијата – е упатено до Уставниот суд на Косово од партиите кои беа во опозиција во претходниот законодавен состав, пишува АБЦ.

ТВ 21: Делумно признаени  докази поврзани со ДНК експертот во случајот на поранешните водачи на ОВК

Судечкиот совет во судењето на Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селим и Јакуп Красниќи делумно го прифати барањето на Обвинителството да се прифатат како докази неколку документи поврзани со вештакот Вилијам Гудвин, кој сведочеше на 13 јануари 2025 година во овој случај, пренесе ТВ 21.

На 11 октомври 2024 година, Обвинителството поднесе барање за приведување како докази одредени докази поврзани со сведочењето на сведокот W04875 во согласност со Правилата 138, 149 и 154, како и барање за измена на списокот на материјални докази.

На 16 декември 2024 година, судечкиот совет донесе одлука со која утврди дека сведочењето на горенаведениот сведок – ДНК експертот Вилијам Гудвин – се квалификува како такво. Ова доведе до одложување на одлуката за прифаќање на предложените докази до по неговото сведочење.

Овој сведок сведочеше на 13 јануари 2025 година, а истиот ден Канцеларијата на специјализираниот обвинител поднесе барање за прифаќање на докази за овој сведок.

Затоа, според одлуката, СЈО бара да се прифатат доказите на овој сведок, вклучувајќи ги неговите вештачења, изворните материјали и материјалните докази поврзани со нив.

КОЛУМНА

Коха: „Чудната енергија“ на Александар Вучиќ

„Српскиот автократ се подготвува да нанесе сериозен удар на студентското движење.

Сега Вучиќ ја отфрла таквата можност. И се чини дека има причина за ова. Поддршката за него и неговата партија значително опадна, покажуваат анкетите. Неговата цел сега е да одржи парламентарни и претседателски избори на крајот на 2027 година, кога и тие треба да се одржат.

Тој се надева дека дотогаш протестите ќе го изгубат моментумот и студентското движење ќе се подели. Доколку демонстрациите не се прошират, Вучиќ, мајстор за контрола на моќта, можеби ќе ја постигне својата цел. За неколку недели ќе започнат летните одмори, а луѓето ќе бидат поподготвени да одат на плажа отколку да излезат на улица.

Во исто време, режимот се обидува да ја заостри својата репресија врз јавните универзитети, кои се жариште на отпорот. Веќе е најавен нов закон за високо образование, кој предвидува дека и приватните универзитети ќе имаат корист од јавните финансии. Вучиќ отворено предупреди за „паѓање на монополот на државните факултети“, пишува Авторот Енвер Робели во колумната „Чудната енергија“ на Александар Вучиќ“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ